Во пресрет на светскиот ден на видот “World Sight Day”, кој се одржува секој втор четврток во месец октомври, за да се подигне глобалното внимание на важноста на грижата на очите би сакала да Ви се обратам на сите Вам токму на оваа тема „Грижата за вашите очи“.

Ние, луѓето, имаме специјализирани сетилни органи за воспоставување врска со животната средина, а еден од тие органи е сетилото за вид. Нашите очи се многу важни за да можеме ние секојдневно да функционираме и треба соодветно да се грижиме за нив. Како, кога ни се суви дланките користеме крема за раце, кога ни е сува устата ставаме балзам за усните, така треба и очите соодветно да ги заштитиме од надворешните влијанија.

Очила за сонце

Поради тоа кога надвор има сонце препорачливо е носењето на сончеви очила не само за мода, туку очила кои имаат добра УВ заштита го штитат нашиот центар за вид (макулата) од штетните зраци.

  Работа пред компјутер

Пролонгираната работата пред компјутер со себе носи се почести проблеми со очите:

  • изразена сувост,
  • иритација,
  • чешање,
  • заматен вид,
  • главоболки и сл.

Сите овие симптоми се всушност очни проблеми на 21-ви век. Исто така, овие симптоми знаат да бидат поизразени доколку носите контактни леќи или очила. Поради тоа, најдобро е да направите преглед за ласерска корекција на диоптрија со чија помош ќе го отстраните диоптерот, поради кој може да ви се појават главоболки, заматен вид и да имате јасен вид без очни помагала секој ден.

  Решение за очните проблеми на 21-от век

Треба да носиме заштитни очила со филтер за плаво светло за пред екран.

Исто така, кога работиме долго, на секои 2 часа треба да се прави пауза од гледањето во монитор, со тоа што не се одмараме скролајќи низ мобилниот, туку гледаме низ прозор во далечина 5-10 минути. Доколку немаме прозор тогаш е доволно само да ги затвориме очите.

Чувството на сувост, замор на очите, иритираност може да го ублажиме со користење на вештачки солзи 2-3х на ден. Би било добро доколку истите се без конзерванси. Важно е да знаете дека од вештачките солзи не се станува зависен, туку едноставно самите очи се чувсвуваат подобро кога се соодветно хидрирани и можеби додека не се постигне задоволителна хидрација ќе имате потреба од почесто капење.

Доколку имате диоптријата, немојте да ги прескокнувате редовните офталмолошки контроли. Не соодветната диоптрија може да резултира со главоболки, иритација на очите, чувство на замор и слично.

Некои системски заболувања имаат влијание и на нашиот орган за вид, како дијабетесот, хипертензијата, покачените маснотии и сл. Консултирајте се со вашите матични лекари и закажете субспецијалистички офталмолошки преглед со цел да се утврди состојбата на задниот сегмент на вашите очи (очниот нерв, центарот за јасен вид, крвните садови).

Нашиот тим на Систина Офталмологија е тука за Вас да се грижи за здравјето на вашите очи. Но, Вие сте тие кои треба да бидете дисциплинирани и да не ги пропуштате редовните прегледи.

Заедно до подобар ВИД.

До следно дружење,

д-р Виолета Шијакова
спец. офталмолог

Биографија