V-от Конгрес на офталмолози на Македонија со меѓународно учество, организиран од Здружението на офталмолози на Македонија, се одржa од 29.09.2022 до 30.09.2022 во Holiday INN, Скопје.

Конгресот започна со сесија Млади офталмолози каде нашите доктори д-р Кристина Шишарица, д-р Бобан Сотировски и д-р Ања Шумејко зборуваа за дијагностицирање и лекување на ретки очни состојби од секојдневното искуство во нашата болница

На Конгресот, предавањата продолжија со нашиот медицински директор д-р Златко Арнаудовски и д-р сц мед. д-р Билјана Костовска.

Во сесија Катаракта, д-р Златко Арнаудовски зборуваше за хирушкиот третман на Вродена катаракта и успехот од интервенцијата, додека во сесија Ретина, д-р сц мед. д-р Билјана Костовска зборуваше за ефективен хирушкиот пристап за корекција на миопија кај млади лица.

Програмата на Конгресот може да ја погледнете тука: https://bit.ly/kongreszom