
GRNP Lisabon -Глобална програма за поврзување на ретинолозите од Европа, oваа година се одржа во Лисабон на 13 и 14 Мај, во Конгресниот Центар Естриол на која присуствуваше и нашиот специјалист офталмолог и хирург, д-р Фанка Гилевска.
„Настанот започна со ревизија на достигнувањата во третманот на ретиналните болети, во последните 10 години и продолжи со дискусија во која разговаравме за идните третмани и дали во моментов имаме оптимален третман, кој е достапен и ефикасен за да сметаме дека сме ја постигнале нашата цел – решение за ретиналните болести.
Дебатата ја водеше проф. Мајкл Стујарт од Клиниката Мајо, а во продолжение проф. Мајк Улбиг од Техничкиот Универзитет во Минхен, се осврна на алтернативните пристапи и ги постави рамките на идните очекувања во третманот со овие пристапи.
Особено интересна беше работилницата на Хавиер Вентура од Клиничката болница во Барселона, кој направи ревизија на протоколите за третман, и заедно со нас постави основа за можните промени на протоколите со што ќе се овозможи поуспешно лекување. Во овој дел се охрабривме, бидејќи во нашата болница ги следиме светските трендови и потврдивме дека нашите индивидуализирани режиме не отстапуваат од тоа како се работи во Клиничката болница во Барселона. Можевме да се пофалиме со нашите искуства и нашата успешност во третманот на пациентите особено кај сенилната макуларна дегенерација и дијабетичниот макуларен едем. “ раскажа д-р Фанка.
Во вториот конгресен ден, главна тема беше вештачката интелегенција во медицината и офталмологијата – нејзините технички, практични и етички аспекти. „Околу можната примена на вештачката интелегенција во пракса, што побрзо и нашето приклучување кон светските бази на податоци. Новите дијагностички алатки, кои се се уште во фаза истажување ги чекаме со нетрпение. Ветуваат многу, во смисол на рана дијагноза, многу прецизна и на клеточно ниво, а и нивната примена во многу рана дијагностика на невролошки или кардиолошки состојби.“ – дообјасни д-р Фанка.
Исто така, на конгресот беше претставенa и платформата Vision Academy за секојдневно и навремено информирање за сите новитети во третманот на ретиналните болести и нивна примена во нашата болница.
Конгресот овозможи размена и дружба меѓу колегите од другите земји, како и воспоставување на понатамошни контакти и размена на знање и можност за консултации при појава на дилеми во секојдневната пракса, при третмани на пациенти во нашата држава.