
Систина Офталмологија го прави првиот чекор во земјата со воведување на Eylea 8mg терапијата, револуционерно решение за пациентите со макуларна дегенерација и дијабетичен макуларен едем. Овој Анти-ВЕГФ лек им овозможува на пациентите подобро да ја контролираат болеста со помалку инјекции.
На 04 Jули во организација на Bayer во р. Воденица се одржа настан каде главната цел беше претставувањето на новиот Eylea 8mg третман за пациентите со макуларна дегенерација и дијабетичен макуларен еден, кој е за 4 пати посилен и со подолго траење, докажано од веќе направените клинички студии. На настанот присуствуваа голем број на експерти од областа на офталмологијата меѓу кои беa и д-р Фанка Гилевска и Доц. д-р Билјана Костовска од Систина Офталмологија.
За време на настанот, тие учествуваа во панел дискусијата и ги споделија нивните мислења за како новиот лек ќе биде пресвртница во третманот на болестите кои се лекуваат со овој лек. Тие ги нагласија предностите на новиот Eylea 8mg третман и истакнаа дека карактеристиките на овој лек се токму оние кои офталмолозите ги замислувале кога станува збор за идеален лек.
Со воведување на новиот Eylea 8mg Анти-ВЕГФ третман, Систина Офталмологија ќе им овозможи на своите пациенти достапност до нов понапреден лек кој значително го подобрува квалитетот на животот на пациентите.




