Уметноста треба да се поддржува. Стремежот таа да се создава е возможен само ако компаниите негуваат култура на поддршка и спонзорирање на квалитетни настани. Така, Систина Офталмологија Битола викендов го спонзорираше “LOVE O’CLOCK – Fly me to the Moon“ концертот на Битолскиот дувачки оркестар и вокалистката Јасна Димитровска.

Музиката се слуша, но само со очите можеме комплетно да уживаме во сценскиот настап на концертите. Цениме уметност и секогаш кога можеме поддржуваме квалитетни настани во кои ќе ужива бројна публика.

Приредивме и едно мало изненадување во тек на концертот. Актерот Никола Стефанов кој беше водител таа вечер, ги замоли гледачите во салата да побараат дали на нивното седиште е сокриен коверт. Така, неколку од гостите беа добитници на ВИП преглед во Систина Офталмологија Битола, кој работи со одличен стручен тим, кој го предводи нашата позната битолска докторка Александра Гочева Јерчиќ, специјалист офталмолог.

На концертот беа исполенти седумнаесет композиции на големиот Френк Синатра а специјален гостин на концертот беше Нико Ѓоргиевски.