Катаракта или перде е една од најчестите очни болести кај лица во подоцнежни години. Катарактата се појавува кај околу 70% од лица постари од 75 години. Катарактата е последица на природниот процес на стареење кој доведува до заматување на природната леќа во окото.
Симптоми
Симптоми на катаракта се маинфестираат со заматување на видот, губење на контраст и заблескување при јако светло. Може да се појави и двојна слика, чести се и проблеите при читање, гледање ТВ и возење. Катарактата може да биде последица и на траума, метаболички болести (дијабетес, галактоземија), лекови (кортикостероиди), а може да настане и како компликација на други очни болестии (увеитис, глауком) и да се појави заедно со други синдроми (на пр. Даунов синдром).
Операција
При операција на катаракта (перде) се врши замена на природната леќа која е заматена, со нова интраокуларна леќа која му овозможува на пациентот да гледа јасно и чисто исто како пред операцијата (според изјавите на нашите пациенти, дури и подобро).
Предоперативен преглед за катаракта
Предоперативниот преглед за катаракта ги содржи следните испитувања кои се потребни за операцијата:
- Рефракција;
- Одредување видна острина;
- Мерење очен притисок;
- Преглед на очно дно;
- Ехо;
- Биометрија;
- IOL master.
Предноста на нашата клиника е тоа што прегледот и операцијата може да се направат во ист ден. Редовната цена на предоперативниот преглед на катаракта е 2.400 ден., со попуст 1.200 денари.
Искуства на пациенти


