
Очните состојби како што се катаракта, конјуктивитис и други вообичаени состојби се добро познати насекаде. Но, што е со ретките очни состојби кои се чини дека се со поголема веројатност да бидат дел од некој цртан филм отколку реални медицински состојби?
Ви ги претставуваме 6-те најинтересни, невообичаени состојби на очите со кои сме се сретнале.
Проптоза (испакнати очи)

Проптозата секогаш е сериозна состојба на очите. Испакнувањето на окото е придружено со притисок и на сите очни структури, меѓу кои намногу страда очниот нерв. Кога се зголемува интраокуларниот притисок, се зголемува и ризикот за развој на глауком.
Кога се појавува силна проптоза, очните капаци не можат целосно да се затворат при нормално трепкање или спиење, предизвикувајќи рожницата да се исуши значително. Вештачки солзи или гелови треба да се вметнуваат неколку пати на ден за да се олесни непријатноста и да се заштити рожницата од сериозно сушење.
Како лекување на последниците од проптозата, како што се сувоста на очите и пореметувањето на солзниот филм, или во третман на експонираната рожница (при некомплетно затварање на капаците) се користат гелови кои ја подмачкуваат рожницата, за нејзина заштита. Исто така офталмологот препишува кортикостероиди, додека во најлош случај се прави оперативно затварање на самото око.
Задолжителен е преглед на офталмолог, кој ќе ја утврди состојбата на окото и ќе препише што треба да се користи. Терапијата не смее да се користи без одобрување од офталмолог и да се зема на своја рака.
Хетерохромија (различни бои на очи)
Овие состојби на очите се случуваат поради меланинот. Меланинот е пигмент кој ни ја дава бојата на кожата, косата и очите. Зависно колку меланинот е развиен во окото, таква боја се добива. Доколку меланинот е повеќе присутен, тогаш бојата на окото е кафена или црна, додека обратно бојата на очите ќе биде сина или зелена.
Хетерохромијата може да биде наследна или предизвикана од болест или повреда. Обично не се лекува, но постои и исклучок само во случај кога е поврзана со некоја болест.
Хемолакрија (крвави солзи)

Причини за појава на крвави солзи може да се:
- хормонски промени;
- менструација;
- повреди на конјуктивата;
- блокиран солзен канал;
- висок крвен притисок;
- нарушувања на крвта, како што е хемофилија;
- крварење од носот;
- пиоген гранулом;
- меланом и тумори.
Повеќето случаи на крвави солзи обично се смируваат брзо, исто како што започнале. Во некои случаи, може да траат подолг период ако причината е хипертензија, малиген меланом или повреда. Сепак, доколку од вашите очи течат крвави солзи, веднаш консултирајте се со нашите офталмолози
Поликорија (повеќе зеници)

Овие состојби на очите ретко кога се лекуваат, бидејќи не пречат врз видот на луѓето, но кај лицата на кои им пречи поликоријата и видот не им е остар, се става контактна леќа која ги покрива абнормалните зеници или се изведува операција.
Колобома (мачји очи)

Колобома е безопасна и стабилна состојба, која не влијае на видот ако е зафатен само ирисот но ако е зафатена ретината може да влија на видот и тоа зависно од тоа дали е зафатена макулата или не е.
Нема лек за Колобома, а третманот се менува во зависност од видот на Колобома. Луѓето со Колобома на ирисот можат да носат контактни леќи во боја за да направат визуелност на ирисот да биде кружен. Хируршката интервенција може да го поправи изгледот на ирисот. Нашите офталмолози може да препорачаат одредени третмани ако вашето дете има колобома на едното око. За да бидат сигурни дека нема да се развие амблиопија (мрзливо око), офталмологот ќе сака да го покрие едното око за да не се развие амблиопијата. Понекогаш овој третман може да го подобри видот во очите дури и во случај на тешки колобоми.
Очен албинизам

За да се потврди очниот албинизам, потребно е да се направи супспецијалистички преглед, за детален преглед на окото и очното дно.
Очниот албинизам нема други симптоми и кожата и косата на тие пациенти има нормална пигментација. Лицата со албинизам речиси секогаш имаат слаб вид а многу често и страбизам. Многу е важно на време да се дијагностицира, затоа што корекција на диоптријата може да помогне во развојот на видот кој е нарушен поради примарната состојба.
Совет за првичен преглед и/или дијагностика во случај да имате иста или слична состојба:
Oфталмолошки преглед
Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок – преглед на преден сегмент на очите.
1.000,00
Супспецијалистички преглед
Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок, преглед на очно дно – преглед на преден и заден сегмент на очите.
1.650,00
Офталмологот го задржува правото да предложи друг вид на преглед и/или дијагностика во зависност од утврдената состојба на прегледот.
Информации за тековно работење во услови на Ковид- 19
- Понеделник – петок од 08:00 – 20:00 часот
- Закажување на термин на:
- Скопје: + 389 2 3097 000;
- Битола: +389 47 226 900;
- Гостивар: +389 42 210 800;
- Пациентите од медицинските центар во Тетово се пренасочуваат во „Систина Офталмологија“ Скопје;
- Редовните закажани термини за прегледи и интервенции ќе се одвиваат непречено;
- Дозволена е една придружба за лицата кои доаѓаат на преглед/интервенција.
- Влезот во болницата се одвива преку Влез А, Влез Б и Ургентен центар на „Аџибадем Систина“;
- Сите лица што влегуваат во болницата се обврзани да ја поминат контролата на влезовите што се во функција.
Услугата online консултација ќе Ви овозможи од безбедноста и удобноста на Вашиот дом да добиете стручен совет од наш доктор за вашата состојба со очите и да добиете насоки за понатамошна медицинска нега односно медицински извештај.