
Често се случува кога ќе се стане наутро, очите да се прилепени и да не може убаво да ги отворите? Најверојатно станува збор за „лепливи очи“. Причината за ова најчесто знае да биде алергиска реакција или настинка, но може и да станува збор за некоја очна состојба како што е јачмен, блефаритис, конјуктивит, хронично суво око.
Блефаритис
Блефаритис е состојба на очните капаци која ги прави црвеникави, иритирани и отечени. Блефаритис можеме да се препознае според визуелни симптоми, односно оток, чешање и црвени капаци или жолтеникав првут на самите трепки. Доколку блефаритисот не се третира правилно може да создаде други очни проблеми како суво око, инфекција, губење на трепки итн.
Третман:
- Плакнење на очите со млака вода секоја вечер и секое утро.
- Чистење на очните капаци
- Вештачки солзи

Конјуктивитис
Конјуктивитот познат и како розово око може да го препознаеме според следните симптоми: оток на конјуктивата или очниот капак, розева или црвена боја на очната белка, постојано чувство за чешање на окото, чувство како да има страно тело во око, постојано солзење на очите, тешко ставање на контакни леќи.
Најчесто конјуктивитот е предизивкан од бактерија, алергија или одреден вирус.
Третманот на конјуктивитиот е различен, зависно од која состојба е предизвикан. Поради тоа најдобро е да се консултирате со онлајн доктор за да ви објасни како да го третирате вашиот конјуктивит.
Јачмен
Јачмен е воспаление на лојните жлезди на горниот или долниот очен капак. Се појавува во форма на болен израсток на рабовите од капакот на окото, кој прирoдно се создава и може да трае 7 до 10 дена. Најчесто јачменот се смирува без третман. Сепак во одредени случаи пожелно е да се направи преглед кај офталмолог, ако:
- јачменот не се смирува после 10 дена;
- брзо расте;
- од израстокот се излива многу крв;
- отокот е поголем од вообичаен јачмен.
Прегледот е општ офталмолошки преглед каде што се гледаат детално очните капаци и самиот јачмен. Доколку нашите офталмолози одлучат дека е потребно отстранување на јачменот, се прави хируршка интервенција.

Хронично суво око
Хрочничното суво око се создава кога окото не лачи доволно солзи. Доколку имате хронично суво око, ќе почувствувате постојано гребкање на окото, пецкање, постојано солзење на очите, матен вид, црвенило во окото.
Третманот за хронично суво око може да започне со вештачки солзи, кои ќе ви ги препорача офталмологот.
Третман
Лепливите очи може да поминат и сами од себе, но доколку чувствувате дека не можете да ги отворите очите, тогаш земете топол чист пешкир и поминете ги нежно очите.
Топлината на водата ќе го исчисти закоравенaта слуз поради која не можете да ги отворите очите.
Лепливите очи не се секогаш опасни по окото, но состојбата која ги предизвикала може да нанесе оштетување на некој дел од окото. Доколку почувствувате гребкање, сувост, црвенило во окото и вашите очи се лепливи наутро и навечер, време е да закажете онлајн консултација или посетете ги нашите офталмолози.