Драги наши пациенти,

Станете член во нашиот клуб “Код на доверба” преку VIBER апликацијата и:

  1. Добијте попусти и поволности од извршените услуги во нашата болница
  2. Закажете преглед кај нас онлајн (користејќи ја Viber апликацијата и нашата web страница)
  3. Закажете онлајн консултација со доктор (користејќи ја Viber апликацијата и нашата web страница)
  4. Платете онлајн за направените услуги во нашата болница (користејќи ја Viber апликацијата и нашата web страница)
  5. Дознајте први за сите новитети и поволности на Систина Офталмологија
  6. Споделете ваше искуство и препорачајте ја болницата на пријател
  7. Испратете ваша пофалба, прашање или сугестија за нашето работење

А. Како да пристапам во клубот “Код на доверба”?

Упатството за користење на „Код на доверба“

  1. За да пристапите и станете член на “Кодот на доверба”, потребно е да поседувате валиден кориснички број од македонски мобилен оператор;
  2. Потребно е да имате инсталирано Viber апликација (ако ја немате истата може да ја симнете преку Internet browser каде ќе побара Viber download);
  3. На нашата web страница во делот “Почетна” и во делот Код на доверба (тука) поставен е линкот преку кој можете да пристапите на Viber апликацијата Систина Офтaлмологија и да се регистрирате.
  1. Преку препорака од пријател кој веќе е член на Кодот и кој Ве препорачал за да станете член на кодот на доверба (во тој случај ќе ви стигне порака за добиената препорака)
  2. Со влезот во Viber апликацијата веднаш ќе се појави следнава порака: „Добредојдовте во нашиот клуб на Код на Доверба. Многу поволности и попусти Ве очекуваат со Вашето членство во клубот. Бидете први кои ќе дознаат за нашите промотивни акции и новитети во работењето. Потребно е само да се регистрирате и да го започеме нашето дружење. Ваша, Систина Офтламологија”
  3. Исто така во менито во долниот дел ќе се појават 4 полиња од коишто едното гласи Регистрација. Изберете го тоа поле прво.
  4. Самото мени ќе го води преку неколку пораки за тоа кои информации треба да ги внесете и тоа:
    • Внесете ваше име и презиме, откако ќе го внесете во менито долу се појавуваат полиња Назад и Продолжи, за да продолжите го стискате полето Продолжи.
    • Внесете датум на раѓање, откако ќе го внесете датумот во менито долу повторно се појавуваат полиња Назад и Продолжи, и за да продолжите го избирате полето Продолжи.
    • Дали имате валидна емаил адреса (ова поле не е задолжително) по што ќе се појави можност да одговорите со Да или Не. Тука доколку имате емаил која редовно ја читате треба прво да одговорите со Да или доколку немате одговорете со Не. Доколку одговорот е Да, ќе се појави прашањето Внесете Ваша емаил адреса. Тука се внесува валидна емаил адреса и повторно се појавуваат полињата Назад и Продолжи и со избирање на полето Продолжи одите понатаму.
    • Внесете град на живеење, тука се внесува град на живеење. Откако се внесе градот повторно се појавуваат полињата Назад и Продолжи и со стискање на Продолжи се оди понатаму.
    • Дали поседувате Ваш ID број од Систина Офталмологија (не е задолжително поле) – во менито ќе се појави можност за одговор Не и Да.  Доколку имате наш  ID број пожелно е да го внесете бројот (бројот се внесува без нулите пред него).
    • Согласност за користење на лични податоци – тука ќе се појави текст со линк кој носи до согласноста каде што можете да ја прочитате а истовремено во менито ќе се појават следниве полиња Не се согласувам и Се согласувам. Само доколку е дадена согласност може да се регистрирате а со тоа и да бидете дел од Клубот – односно да собирате поени и да препорачувате пријатели. Доколку изберете Не се согласувам ќе се појави следнава порака – За да може да ги користите поволностите и поените Ве молиме одберете Се согласувам.
    • Внесете Ваш телефонски број Формат 3897xxxxxxx – тука се внесува телефонскиот број во бараниот формат. Овој број во иднина ќе се користи како телефон за контакт.
    • Внесете код добиен по смс – пациентот штом заврши со внесување на податоците добива код по смс. Тој код треба да го внесете во Viber апликацијата. Kодот е 5 цифрен број.
    • Со правилно внесување на кодот во Viber апликацијата добивате порака Успешно се регистриравте.

Б. Како можам да стекнам поени во клубот “Код на доверба”?

Поени се стекнуваат со:

  1. Извршен преглед/приватна дијагностика во било кој наш дијагностички центар во РСМакедонија (Скопје, Битола, Тетово, Гостивар)
  2. Направена приватна интервенција
  3. Откако сте се регистрирале и сте препорачале пријател, по негова регистрација и извршена услуга во нашата болница вие автоматски добивате поени.

В. Како да ги користам моите поени од клубот “Код на доверба”?

Стекнатите поени од секоја направена услуга се евидентираат и користат така што:

  1. Најпрво треба да ги евидентирате вашите поени на пултот каде што направиле плаќање за извршената услуга
  2. При секоја наредната посета на нашата болница може да ги дополнувате вашите поени.
  3. После првото евидентирање на поени, со секоја наредна посета може да ги користите поените.
  4. Поените се користат во вид на попусти при плаќањето
  5. Поените кои ги имате стекнато а се наоѓаат на Вашата лична сметка во клубот “КОД НА ДОВЕРБА” може да ги користите само Вие лично со вашиот регистриран телефонски број.

Г. Како да знам колку вредат моите поени и како можам да ја  следам состојбата на поените од клубот на “Код на доверба”?

  1. Секој Ваш поен кој сте го стекнале со направен преглед или интервенција кај нас има вредност од 1 денар. (Табелата за поени стои на на официјалната страница www.sistinaoftalmologija.mk)
  2. Увид во поените имате во секое време преку менито на Viber апликацијата и тоа: Мои податоци – Состојба на поени

Д. Дали има ограничувања за стекнување поени и нивно користење од клуб “Код на доверба”?

Постојат следните ограничувања за стекнување и користење на поените:

  1. Поени може да се добијат неограничен број пати без разлика на тоа која приватна услуга е направена.
  2. Поени не може да се стекнат од интервенции кои се на товар на фондот на Република Северна Македонија.
  3. Поените не може да се заменат за готовина.
  4. Поените не може да се подарат, да се префрлат, или на друг начин да се направат достапни за кое било друго лице без разлика дали е дел од клубот, освен за носителот – лицето со дадениот број кое пристапило/се регистрирало на Viber профилот на Систина Офталмологија.
  5. Пациентите кои иако се дел од клубот немаат право на поени кога услугата која ја направиле е со промотивна цена.
  6. Временски рок за користење на поените нема.

*ЗА СИТЕ ПРОМЕНИ ВО ПРАВИЛАТА, УСЛОВИТЕ НА КОДОТ НА ДОВЕРБА НАВРЕМЕНО ЌЕ БИДЕТЕ  ИНФОРМИРАНИ

Прочитајте го текстот подолу: користењето на нашите услуги значи дека ги прифаќате и сте согласни на овие услови. Ако не ги прифаќате, ве информираме дека нема да имате можност за користење на поволностите во „Код на доверба“