Информации за користење на услугата

Известување за целта и начинот на спроведување на услугата „Онлајн консултација со доктор“

Почитувани пациенти,

Услугата “Онлајн консултација со доктор” е создадена со цел да ги задоволи Вашите потреби, особено при услови во нашата држава и светот, кога не сте во можност да излезете од своите домови и да дојдете во нашата болница.

„Онлајн консултацијата со доктор“ не треба да се споредува со физички преглед. Докторот ќе ги сослуша Вашите потешкотии и проблеми, врз основа на податоците кои ќе ги споделите со него, ќе ви даде информации за Вашата состојба, ќе ви ги објасни можните решенија и ќе добиете насоки за понатамошна медицинска нега. Доколку има потреба може да побара дека е потребно да се направат испитувања и физички преглед ќе Ви предложи да се закаже термин за физички преглед. Нашата цел со оваа услуга  е да се обидеме да спречиме посериозно заболување  кое може да се појави при одложување на процесот на поставување дијагноза и одложување на лекувањето, како и да се дадат предлози во зависност од тегобите на пациентите со хронични болести кои се следат од страна на нашите доктори. Притоа, оваа услуга никогаш не треба да се споредува со процесот при физички преглед и Вашите очекувања не треба да бидат во таа насока. Покрај тоа, Вашите лични податоци, тегоби и медицинската документација  која ја споделувате со нас, сметајќи ги за ваши лични, ќе ги обработуваме согласно Правилата за заштита на лични податоци.

Видео разговорот кој ќе биде направен ќе биде во рамките на приватноста на пациентот и докторот и во ниеден случај нема да биде снимен. Исто така доколку пациентот го сними видео разговорот, истото ќе се смета за повреда на приватноста на докторот и пациентот. Разговорот и заклучоците од него ќе бидат евидентирани во болничкиот информативен систем и ќе бидат дел од медицинска документација на пациентот.

Процесот на одвивање на услугата е на следниот начин: пациентот одбира термин за „Онлајн консултација со доктор“ на календарот поставен на интернет страницата на  ПЗУ „Систина Офталмологија“ Скопје. Со завршување на процесот на регистрација и наплата, следи процесот на задолжителна потврда на одбраниот термин. Истото се врши преку потврдување на претходно добиено Известување на Вашата електронска пошта или телефонски преку Контакт центар во зависност од податоците кои ги имате внесено при регистрација на интернет страницата. Рокот за потврдување е 24 часа пред закажаниот термин.

За детални информации прочитајте на Услови, правила и упатство за користење на услугата „Онлајн консултација со очен доктор“

Услови, правила и упатство за користење на услугата “Онлајн консултација со доктор“

Внимание! Молиме внимателно прочитајте го овој документ пред да ја користите веб страната. Ако ги користите нашите услуги тоа значи дека ги прифаќате и сте согласни на овие услови. Ако не ги прифаќате Ве молиме да не ја користите оваа интернет страна.

ПЗУ „Систина Офталмологија“ – Скопје, ја нуди можноста за услугата “Онлајн консултација со доктор“. Оваа услуга е создадена  со цел да ги задоволи Вашите основни здравствени потреби, при услови кога во нашата држава и светот, не сте во можност да излезете од своите домови и да дојдете во нашата болница. Доколку оваа услуга продолжи и понатаму да се одвива по завршувањето на пандемијата, ќе се спроведе дополнителна анализа дали ќе продолжи да се реализира со точно наведени услови од страна на ПЗУ „Систина Офталмологија“ – Скопје и истото ќе биде јавно објавено.

Следниов документ содржи општи услови според кои  ПЗУ „Систина Офталмологија“ – Скопје им ја нуди оваа услуга на своите корисници преку интернет страницата. Овие услови, правила и упатство за користење ги обврзуваат сите корисници.

Општи одредби

  • Упатство како брзо и безбедно да направите Oнлајн регистрација и наплата

Плаќањето може да се врши 24/7 – 24 часа секој ден во неделата од удобноста на домот, преку персонален компјутер, лаптоп, таблет или мобилен телефон, без провизија и дополнителни банкарски трошоци.

Чекор 1: Внес на лични податоци

Основен услов за користење на услугата е внес на сите податоци лично од страна на корисникот кои се бараат во процесот на регистрација, со што корисникот се согласува со собирање на податоците и нивното користење, појаснети во Политиката за приватност.

ПЗУ „Систина Офталмологија“ – Скопје ги собира, чува и обработува личните и други податоци, преку користење на интернет страницата со регистрацијата за „Онлајн консултација со доктор“, преку кои се врши лична идентификација на корисникот. Следните категории на лични податоци корисникот ќе треба да ги внесе при процесот на регистрација за користење на услугата „Онлајн консултација со доктор“:

  • име и презиме;
  • дата на раѓање;
  • место на живеење;
  • телефонски број;
  • електронска пошта;

При користење на услугата корисникот треба да прикаже лична карта или пасош за идентификација дека навистина е тој кој што се регистрирал.

Во однос на рокот за чување, личните податоци ќе бидат чувани во рок од 30 дена и во форма што овозможува идентификација на субјектот на личните податоци, не подолго од што е потребно да се исполнат целите поради кои податоците се собрани за натамошна обработка, по што истите се бришат и уништуваат. ПЗУ „Систина Офталмологија“ – Скопје постапува според Политика за чување на лични податоци. (Правилата за начинот на правење на сигурносна копија, архивирање и чување, како и враќање на зачуваните лични податоци)

 

Чекор 2: Известување за целта и начинот на спроведување на „Онлајн консултација со доктор“

Со прифаќањето на условите за користење на услугата, на интернет страницата транспарентно и јавно е поставено Известување за целта и начинот на спроведување на „Онлајн консултација со доктор“ во која е содржана „Изјава за согласност за обработка на лични податоци“ на корисникот (пациентот) на која што треба да се согласи со истата за да може да ја користи услугата. Доколку не се согласи со истите, не може да премине кон следниот чекор – кон наплата.

Чекор 3: Кон Наплата

Третиот услов е корисникот да изврши плаќање во целост со платежна картичка. Корисникот е должен да достави вистинити и потполни податоци. ПЗУ „Систина Офталмологија“ – Скопје не сноси одговорност за внес на непотполни, неисправни и неточни податоци од страна на корисникот во текот на процесот на плаќањето на услугите.

По прифаќањето на условите, со клик на копчето Кон Наплата системот води низ процесот за плаќање преку сигурносниот систем на Интернационален Картичен Систем – Casys International cPay (детално објаснето во чекор 4).

Чекор 4: Плаќање со Кредитна / Дебитна Картичка

Плаќањето може да е со Кредитна или Дебитна Картичка (Visa, Visa Electron, MasterCard, Maestro) издадена од било која Банка преку сигурносниот систем за авторизација на Casys. Плаќањето е 100% безбедно!

Корисникот има обврска да ги внесе точните податоци од платежната картичка.

– CVV2/CVC2 кодот и телефонскиот број на дежурниот центар на Банката се наоѓаат од задната страна на платежната картичка.

– Пин код од картичката во ниту еден момент нема да биде побаран!

Со притискање на копчето потврди, веднаш системот на Casys се поврзува со Банката и ја авторизира трансакцијата.

Доколку било кој податок е погрешно внесен трансакцијата ќе биде неуспешна.

Доколку сите внесени податоци се точни и Банката ја одобри трансакцијата, потребно е уште еднаш да се притисне на потврди, со што уплатата е успешно завршена.

Чекор 4: Закажување на термин за „Онлајн консултација со доктор“

ПЗУ „Систина Офталмологија“ – Скопје според планот и програмот на работа има поставено точни термини за „Онлајн консултација со доктор“ на интернет страницата кои корисникот може да одбере еден од нив. Со завршување на процесот на регистрација и наплата, следи процесот на задолжителна потврда на одбраниот термин. Истото се врши преку потврдување на претходно добиено Известување на Вашата електронска пошта или телефонски преку Контакт центар во зависност од податоците кои ги имате внесено при регистрација на интернет страницата. Рокот за потврдување е 24 часа пред закажаниот термин.

Чекор 5: Одвивање на „Онлајн консултација со доктор“

Услугата се одвива преку 3 достапни и безбедни онлајн платформи/апликации. Корисникот одбира една од нив, заради олеснување на целосната комуникација.

Првата онлајн платформата е „Zoom”- www.zoom.us , на која што ПЗУ „Систина Офталмологија“ – Скопје има свој кориснички профил и лозинка и само одредени лица кои веќе имаат Овластување за обработка на лични податоци имаат пристап. Контролорот има дадено согласност на Политиките на приватност на апликацијата за да може да ја користи и преземе. На корисникот му се испраќа линк со лозинка за видео разговорот, кои ги имаат само тој и контролорот. Корисникот мора само да ја преземе апликацијата од интернет страницата и нема потреба да има кориснички профил за да се изреализира услугата, дозволен е само линкот за пристап и лозинката која што ќе му ја испратиме. Доколку се логира, корисникот се согласува на Политиките на приватност на „Zoom”, каде што ПЗУ „Систина Офталмологија“ – Скопје нема пристап до личните податоци кои ги внел при регистрација.

Втората платформа која ПЗУ „Систина Офталмологија“ – Скопје ја користи е апликацијата “Viber” – www.viber.com. ПЗУ „Систина Офталмологија“ – Скопје има свој телефонски број наменет само за користење на услугата „Онлајн консултација“ и не се користи за ниту една друга намена. Корисникот го користи сопствениот број и апликацијата која што ја има инсталирано на мобилен, таблет или компјутер. При користење на оваа апликација, корисникот и контролорот се имаат согласено со Политиките на приватност на самата апликација, која е сосема безбедна.

Третата платформа за користење на услугата е апликацијата “Skype” – www.skype.com. Контролорот веќе има свој кориснички профил и лозинка и само одредени лица кои веќе имаат Овластување за обработка на лични податоци имаат пристап. Корисникот исто така треба да ја преземе оваа апликација од интернет страницата, да има свој профил и своја лозинка. При користење на оваа апликација, корисникот и контролорот се имаат согласено со Политиките на приватност на самата апликација, која е сосема безбедна.

Забрането е видео снимање на оваа услуга. По завршувањето на „Онлајн консултацијата со доктор“, на корисникот/пациентот му се отвора Идентификационен Број (ИД број) во болничкиот систем како пациент на ПЗУ „Систина Офталмологија“ – Скопје и се пишува Лекарски извештај во врска со состојбата која ја споделил со докторот. Извештајот се испраќа во криптирана форма на пациентот на електронската пошта која ја внел при регистрација.

  • Поврат на средства

Целосно ќе му бидат вратени средствата на корисникот доколку навремено во рок од 24 часа пред закажаниот термин за „Онлајн консултација со доктор“ ја извести ПЗУ „Систина Офталмологија“ – Скопје дека не може да присуствува.

Доколку не се изреализира услугата по вина на ПЗУ „Систина Офталмологија“ – Скопје  или виша сила, корисникот може:

  • Да го презакаже терминот за „Онлајн консултација со доктор“ за друг ден или,
  • Да дојде на физички преглед во ПЗУ „Систина Офталмологија“ – Скопје, при што ќе му се важи извршената електронска уплата и финансиски ќе му се одбие од цената на прегледот или,
  • Целосен поврат на уплатените средства.

За вина на ПЗУ „Систина Офталмологија“ – Скопје се сметаат случаи: промена на план и програм на работа на доктор по основ на итни случаи или технички проблеми за реализација.

Ова право може да се оствари со доставување барање и доказ за уплата, во кое ќе се наведе датум кога е извршена уплата и во кој износ.

Барањето, заедно со Трансакциска сметка на корисникот треба да се достават на следната е-маил адреса: contact@sistinaoftalmologija.mk. Повратот на средства ќе биде извршен во период од 10 работни дена по достава на целосното барање.

Доколку уплатувачот не присуствува на онлајн консултацијата и не ја извести ПЗУ „Систина Офталмологија“ – Скопје 24 часа пред одржувањето нема право на поврат на уплатените средства.

Изјава за согласност за обработка на лични податоци за користење на услугата „Онлајн консултација со доктор“

Под морална, материјална и кривична одговорност:

  1. Изјавувам дека во целост ја разбрав целта на услугата – во услови на пандемија, доколку не можам лично да дојдам на преглед, за мојата состојба да се консултирам на виртуелен начин со доктор и разбирам дека ваквата „Онлајн консултација со доктор“ не треба да се споредува со физичкиот преглед.
  2. Изјавувам дека ги прочитав Условите, правилата и упатството за користење на услугата „Онлајн консултација со доктор“ и изјавувам дека истите ќе ги почитувам во целост и нема да ги злоупотребам во ниту еден случај;
  3. Изјавувам дека сум запознаен со Политиката на приватност објавена на интернет страницата на ПЗУ „Систина Офталмологија“ – Скопје
  4. Изјавувам дека запознаен/а сум дека видео разговорот е забрането да се снима и истото ќе го почитувам во целост;
  5. Изјавата ја давам доброволно и истовремено го потврдувам сопствениот идентитет и точноста и веродостојноста на личните податоци кои ги доброволно ги дадов при регистрација на интернет страницата на ПЗУ „Систина Офталмологија“ – Скопје за спроведувањето на услугата;
  6. Се согласувам да бидам идентификуван со покажување на документ за лична идентификација на почетокот на „Онлајн консултацијата со доктор“ – Видео разговорот, и согласен сум ПЗУ „Систина Офталмологија“- Скопје да ги прибира и обработува моите лични податоци, согласно важечката законска регулатива за заштита на лични податоци, со цел спроведување на „Онлајн консултацијата со доктор“ и издавање на Лекарски извештај. Исто така, запознаен/а сум дека податоците нема да бидат откриени на трети страни и истите по остварување на целта заради која се прибрани ќе бидат соодветно избришани. Податоците се користат само за целта наведена погоре и болницата на сигурен и безбеден начин ги прибира и постапува со истите.
  7. Согласен сум по направената „Онлајн консултација со доктор“да ми биде издаден Лекарски извештај во криптирана и заштитена форма испратен на електронска пошта.

Доколку постапам спротивно на претходно наведените точки согласен ПЗУ „Систина Офталмологија“ Скопје да поведе соодветна постапка пред надлежен орган. За дополнителни информации и прашања, можам да го контактирам Офицерот за заштита на stefani.nedelkova@sistinaoftalmologija.mk.