Превентива на очите на понежниот пол

Грижа и превентива на очите на понежниот пол треба да е меѓу примарните работи на сите. Хормоните со кој се соочува секоја жена имаат влијание и на очите. Хормоните најмногу ги напаѓаат очите за време на бременост, кога телото се навикнува дека има нов живот во него. Бремените жени често знаат да се пожалат дека видот им е значително намален или контакните леќи не можат да ги носат повеќе од 3 часа. Причинител за овие два проблема се токму хормоните. Хормоните и нивната рамнотежа влијаат многу на работата на телото, но многу често не се внимава на секојдневните работи кои влијаат врз хормоните. Работите кои се користат на самата кожа, шминката, стресот влијаат многу врз хормоните. Поради тоа жените треба да се грижат и за себе.

Во текот на бременоста

Контакните леќи не можат да се носат многу често за време на бременоста поради појава на суво око. Но, за среќа сите овие симптоми исчезнуваат кога ќе се роди бебето. Другите очни проблеми кои можат да се појават за време на бременоста се дијабетесот или преклампсија** ( висок крвен притисок кај бремени жени).

Во текот на бременоста мора да се прави очен преглед за да се проверат сите симптоми кои се појавуваат во окото.

Во текот на подоцнежните години

Сувото око исто така е карактеристично и за жени во подоцнежни години, вообичаено по 50-тата година. Хормоналните промени започнуваат да се појавуваат повторно и се нарушува нормалното производство на солзи. Симптомите на суво око се изразуваат со пречесто солзење на очи, гребпкање и чувство на туѓо тело во окото. За лицата кои носат контакни леќи, сето ова може да биде многу тешка комбинација.

Но, секако постојат и третмани кои ќе помогнат со овие симптоми. Се препорачува користење на вештачки солзи, омега-3 сумплементи, но да не се користат без препорака од офталмолог. Поради тоа треба да се оди на преглед во најбрз можен рок.

Грижа за себе и превентива на очите на понежниот пол

Жените се грижат за сите околу нив, дали е во прашање деца, маж или родителите. Поради тоа жените треба да се грижат за своите очи за да можат да се грижат за сите други околку нив. Не треба да се заборави да се грижат жените сами за себе! Ова вклучува пиење на многу вода, заштита на очите, здрава исхрана и одење на прегледи редовно.