здрава храна за очите

За празничните периоди, кои се најдолги во текот на декември и јануари, а ги има во текот на целета година,  се карактеристични богатите и примамливи трпези.  Храната што ја консумираме на празничната трпеза треба да донесе среќа, здравје и плодност. Мајсторски подготвена и вкусна,  истовремено може да биде многу здрава храна за очите и за видот во целина.

Ви предлагаме посно празнично мени, кое е висински благодет за вашите очи.

Здрава храна за очите:

  • Празничен леб со рузмарин и ленено семе 
  • Домашна пита со зелка или со спанаќ 
  • Посни солени грицки со сончоглед и сусам 
  • Посни стапчиња од палента
  • Посна сарма 
  • Риба – лосос или скуша 
  • Вариво како прилог – компир, морков, брокула или кељ 
  • Салата од леќа или грав
  • Салата од туна и зеленчук 
  • Свежи салати од рукола, пиперка, патлиџан, авокадо 
  • Свежо и сушено овошје – портокали, мандарини, грозје, кајсии, смокви, мушмули
  • Апетисани – кикирики, лешници, бадеми, ореви 
  • Печена тиква  со мед и ореви или бадеми како идеална замена за торта 

Без оглед дали се работи за празник или за делник, убаво е денот да започне со сок од цеден портокал. Тој во огромни количини содржи витамин Ц, кој многу благотворно влијае на вашите очи, го подобрува очниот притисок и го намалува ризикот за заболување од катаракта.

Пред почетокот на главниот оброк ви препорачуваме да се напиете чаша вода, која е добра за хидратација на целиот организам, вклучувајќи ги и очите.

Во текот на ручекот, убаво е да се напиете една чаша црвено. Тоа е познато како елискир и здраво за организмот во целина, вклучувајќи го и видот.  Ресвератолот кој го содржи виното може да помогне во превенирањето на дијабетичната ретинопатија и макуларната дегенерација,  кои се поврзани со неконтролираниот раст на крвните садови во очите.

Во продолжението на текстот,  ќе ви објасниме зошто намирниците од предложеното мени се вистинскиот избор за побрувањето на видот и за здравјето на очите.  Ќе почнеме по ред.

Житарките содржат витамин Е, цинк и ниацин и се одлични за одржување на видот во целина. Лененото семе има лековити својства кои придонесуваат за подобрување на состојбата на поткожното ткиво, особено во делот околу очите каде кожата е најтенка и подложна на создавање на брчки.

Рибата – лососот, скушата, туната кои се главни на мениото, се богати со омега 3 масни киселини и спречуваат да се развие макуларна дегенерација или катаракта.  Проблемот со сувите очи исто така може да биде предизвикан токму од недостатокот на овие киселини.

Зелениот лиснат зеленчук – кељот и спанаќот се богати со витамините Ц и Е, а содржат и каротеноиди, лутеин и зеаксантин, и го смалуваат ризикот од долготрајните болести на очите, најчесто од катарактата и од макуларната дегенерација. Зелката, покрај тоа што содржи лутеин, е извонреден извор на Ц витамин. Слаткиот компир пак, содржи половина од потребната дневна доза на витамин Ц и витамин Е, неопходни за здрав вид. Брокулата и авокадото исто така се многу добри за здравјето на очите затоа што се изворедни антиоксиданси кои штитат од очни болести.

Мрквата и тиквата, кои се составен дел на предложеното мени, покрај  А и Ц витамин, содржат и каротеноиди кои им даваат жолт, портокалов или црвен пигмент кој влијае на подобрувањето на видот, ја смалува кратковидоста и ризикот од глаукомот и од другите очни болести.

Гравот е извор на биофлавоноиди и цинк, кои ја штитат мрежницата на очите.   Мешунките се богати со витамини кои помагаат да се одржи острината на видот и ја успоруваат макуларната дегенерација.

Портокалот, грејфрутот, грозјето се преполни со витамин Ц кој е неопходен за заштита на очите. Јаткастото овошје содржи витамин Д и омега 3 масни киселини, важни за здравјето на очната ретина и заштитата на видот во старост.

Покрај сончогледовото може да користите и рибино масло, како важен извор на Д витамин кој ги спречуваат воспалителните процеси на очите, а сончогледовото масло им помога на уморните и подуени очи.

Празничното мени, што ви го предложивме ги содржи сите намирници,  извонредни за вашите очи и за вашиот вид во целина.

Убав апетит!