синуси

Синусите претставуваат коскени шуплини исполнети со воздух кои честопати може да се воспалат. Бидејќи се сместени во околината на окото односно го ограничуваат, може да предизвикaат и очни проблеми. Најчесто тоа се неспецифични тегоби, како главоболка, болка позади очите, солзење и печење на очите. Но, понекогаш може да дојде и до заболувања на внатрешните структури на окото, како на пример – увеитис или пак централна серозна хориоретинопатија. Со навремена терапија овие состојби се лечат и третираат без дополнителни компликации.

Cellulitis orbitae

Ако пак воспалението од синусите се прошири во орбитата (шуплината во која е сместено окото) настанува акутно воспаление на ткивото на орбитата т.н. Cellulitis orbitae. Ова е сериозно заболување и е најопасна компликација како последица на воспаление на синусите. Во овој случај, неминовна е брзата реакција да се избегнат сериозни компликации кои може да влијаат на целиот организам.

Орбитата e шуплина во која е сместено окото, а е исполнета со масно ткиво, очни мускули, нерви и крвни садови. Taa има форма на четиристрана пирамида, која од три страни е ограничена со параназалните синуси, а од четвртата, предната страна е покриена со очните капаци. Од горната страна e ограничена со фронталниот синус, од долната страна со максиларниот синус, а од внатрешната со етмоидалниот и сфеноидалниот синус. Воспалителниот процес лесно може да продре во орбитата заради тоа што дел од венската дренажа се одвива преку крвните садови на орбитата, а и заради тоа што внатрешниот коскен ѕид на орбитата е многу тенок. Воспаление на ткивото на орбитата, воедно и на окото најчесто е резултат на воспаение на етмоидалните синуси.

Клиничката слика се одликува со акутен, нагол почеток, пропратено со главоболка, со изразен оток и црвенило на очните капаци и на конјунктивата. Окото се испакнува, неговата подвижност е ограничена и доаѓа до појава на двојни слики. Ако процесот трае подолго време, се јавува и намалување на видот заради притисок на очниот нерв од отеченото околно ткиво. Пациентот чувствува треска и има покачена телесна температура.

Брза прогресија на болеста се случува особено кај децата, така што секој оток на очните капаци кај децата бара брза консултација со офталмолог.

Воспалените на окото и околните структури (орбитата) претставува најтешка компликација како резултат на воспаление на синусите и бара итно болничко лекување со високи дози антибиотици системски, секако во консултација со лекар оториноларинголог.

Честопати се случува да подзамижувате додека гледате нешто. Иако тоа изгледа како нормално секојдневие, сепак значи дека време е за преглед!

Подзамижувањето е често автоматски механизам за луѓето чив вид не е јасен без очни помагала. Често не чувствуваат дека подзамижуваат додека гледаат нешто, поради тоа што е инстиктивна состојба.

Причината зошто подзамижувањето помага да се има јасен вид е поради тоа што го намалува внесот на светлина во природната леќа. Окото гледа јасно, односно има чист вид, поради светлосните зраци кои влегуваат во окото и се фокусираат на ретината.

Доколку лицето е кратковидно, светлосните зраци се фокусираат на предниот дел од ретината и не може да се гледа убаво на дистанца. Доколку лицето е далекувидно, тогаш процесот е обратен, светлината се фокусира на задниот дел од ретината и поблиските работи се матни.

Совет за првичен преглед и/или дијагностика
во случај да имате иста или слична состојба:

Офталмолошки преглед

Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок – преглед на преден сегмент на очите.

1.400,00

Супспецијалистички преглед

Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок, преглед на очно дно – преглед на преден и заден сегмент на очите.

1.650,00