подзамижување

Честопати се случува да подзамижувате додека гледате нешто. Иако тоа изгледа како нормално секојдневие, сепак значи дека време е за преглед!

Подзамижувањето е често автоматски механизам за луѓето чив вид не е јасен без очни помагала. Често не чувствуваат дека подзамижуваат додека гледаат нешто, поради тоа што е инстиктивна состојба.

Причината зошто подзамижувањето помага да се има јасен вид е поради тоа што го намалува внесот на светлина во природната леќа. Окото гледа јасно, односно има чист вид, поради светлосните зраци кои влегуваат во окото и се фокусираат на ретината.

Доколку лицето е кратковидно, светлосните зраци се фокусираат на предниот дел од ретината и не може да се гледа убаво на дистанца. Доколку лицето е далекувидно, тогаш процесот е обратен, светлината се фокусира на задниот дел од ретината и поблиските работи се матни.

Како и да е, подзамижувањето помага бидејќи го намалува внесот на светлина кој се фокусира до ретината, низ природната леќа.

Покрај помалиот внес на светлосни зраци кои се фокусираат на ретината, подзамижувањето, многу малку ја менува и формата на окото.

Иако подзамижувањето помага да се гледа малку подобро, не треба ова да се смета како лек за подобар вид. Напротив, треба да се сфати како црвено знаме, дека е време да се оди на преглед.

Самото подзатворање ја збрчкува кожата околу нашите очи, со тоа што ќе го забрзате создавањето на брчки околу вашите очи.

Подзамижувањето може да биде индикатор дека ви се потребни очни помагала или да се направи преглед за ласерска корекција на диоптрија.

Подзамижување и ласерска корекција на диоптер

Ласерската корекција на диоптрија помага во отстранувањето на диоптријата и отстранување на очните помагала. Ласерската корекција на диоптрија ќе ви помогне да не подзамижувате додека гледате и вашиот вид да биде јасен и чист.