За да го намалиме ризикот за зголемување на диоптерот, треба да се скрати “screen time” на максумум 2 часа на ден и детето да поминува повеќе време надвор на сонце.”

Повеќето родители се убедени дека со сигурност би го препознале проблемот со видот кај нивното дете доколку е присутен, но тоа не е секогаш така едноставно.

Д-р Викторија Филева, спец. офталмолог и хирург, во емисијата НулаМПлус на телевизија Телма зборуваше на тема “Диоптрија кај деца”.

Дел од прашањата дискутирани во емисијата беа: На каков начин се утврдува диоптријата кај децата, кои знаци укажуваат дека детето не гледа добро, каков вид на преглед е потребен за утврдување на диоптрија кај децата, како се третира детската диоптрија и што може да направи родителот за да го намали ризикот за зголемување на истата?

На прашањето дали очилата ќе треба детето да ги носи целиот живот, докторката појасни: “тоа се проценува на самиот офталмолошки преглед. Доколку на прегледот најдеме дека се работи за минус диоптрија, тогаш разговараме со родителот да му објасниме што таа диоптрија значи за детето. Понатака, тој диоптер треба да се следи најмалку еднаш во годината за да се види прогресијата. Кога диоптријата ќе се стабилизира после 20-та година, може да се понуди трајно решение за отстранување на диоптријата.”

Погледнете го видеото подоле за да ја гледате целата емисија:

Повеќе за очни болести кај децата

Закажете преглед за вашето дете