- Кои се најчестите болести кај децата ?
Едни од најчестите болести на очите кои e неопхпдно да се лекуваат во детството се страбизмот, слабовидноста (мрзливо око, амблиопија), катаракта кај деца, нистагмус (тресење на очите). Диоптријата како рефрактивна грешка на окото, доколку постои треба да се третира во детска возраст со цел овозможувње на добра видна острина.
- Каква болест е страбизмот и како настанува ?
Страбизам е нарушување на положбата или движењето на очите каде што двете очи немаат заеднички правец на гледање. Кај здравите очи, двете очи стојат право гледајќи во иста точка, а движењата на очните булбуси се координирани.
Во некои случаи страбизмот настанува бидејќи е ограничена подвижноста на едното око во одреден правец. Кај децата страбизмот најчесто е вроден или се развива во раната детска возраст, но може да настане и кај механички повреди или различни неуролошки или внатрешни болести.
Кај возрасните, страбизмот често настанува во случај на повреда на главата или очите заради парализа на некои од мускулите кои го движат окото. Исто така, може да настане и со некои ендокринолошки или имунолошки болести (болести на тироидната жлезда). Најчести форми на страбизам се: есотропија (окото стои навнатре) или егзотропиа (окото стои нанадвор) а поретко има вертикално крвење на окото. Toa често e поврзано со други нарушувања на видот (слабовидност, рефракциски грешки, нистагмус).
- Зошто треба да се оперира ?
Страбизмот кај децата го нарушува здравиот развој на видот и затоа е важно што порано да се започне со лечење. Често е во комбинаџија со други пореметувања на видот кај децата, па затоа е потребно да се лечи во комбинација со други методи на лечење. Најчеста последица на страбизам е појавата на слабовидност (амблиопија) на окото кое не е поставено во права линија. Слабовидноста може да се лечи само во детска возраст и затоа е најдобро страбизмот да се оперира додека видот е во фаза на развој.
- Како изгледа интервенцијата ?
Операцијата на страбизам се врши под општа анестезија и трае во зависност од сложеноста на зафатот, од половина час до час и половина. Целта на операцијата е да го доведе окото во посакувана положба, а во случај на парализа, на очниот мускул му се враќа подвижноста. За да се постигне посакуваната положба на окото, потребно е со операција да се ослабне или зајакне дејството на мускулот. Тоа се постигнува со померување на фатиштето на мускулот, скратување, расцепување или создавање на негово двојно фатиште. Во случај на парализа на мускулите (намалена подвижност), на паралитичниот мускул му се придружуваат здрави мускули кои го опкружуваат за да му се подобри подвижноста/мобилноста. Со операцијата на страбизмот на пациентот му се олеснува држењето на двете очи во иста рамнина. Во нашата болница, во речиси сите случаи, се постигнува комплетна излеченост.
- Каков е постоперативниот период ?
По операцијата на страбизам, пациентот може уште истиот ден да си оди дома. Наредниот ден се врши прва контрола. Кај децата се препорачува до првата контрола да останат во болничко сместување заедно со родителите. Во раниот постоперативен период (до седум дена) постои вообичаено чувство на непријатност и чувствителност на светлина. Потребни се околу две недели раната целосно да зарасне и окото повторно да стане потполно бело.
Во период до три недели по операцијата се применува пропишана терапија со капки. За време на тој период се препорачува да се избегнува тежок физички напор, базени и задимени простории. Втората контрола се прави по една недела, а третата месец дена по операцијата.
Децата можат повторно да одат во градинка или во училиште по две недели. Враќањето на работа зависи од типот на работата. Кај канцелариската работа може уште по седум дена да се врати лицето на секојдневните обврски.