
Oвој Институт, веќе долги години е посветен на подобрувањето на искуството на пациентите преку истражувачка работа, како и преку креирање на човечки ресурси.
„Културата на креирање на позитивни искуства за пациентите е основниот модел на кој се базира работењето на ‘Систина Офталмологија’ од самиот почеток. Ние одиме подалеку од само одлични медицински резултати и решение за проблемот на нашите пациенти. Нам ни е важен и начинот како тоа го правиме, за да помогнеме да се чувствуваат колку што е можно подобро. Тие доаѓаат кај нас со стрес, страв и неизвесност за резултатите од нивниот преглед. Поради тоа, со многу внимание и разбирање за околностите на нивните проблеми, им приоѓаме, наоѓајќи решение адекватно и индивиуално само за пациентите и за нивните животни потреби.“ – рече Д-р Весна Чадо, извршен директор и креатор на филозофијата за Patient Experience во „Систина Офталмологија“.
„Од пред неколку години, кај нас го формиравме и Patient Experience Office (Центар за искуство на пациенти) кој е прв од ваков вид во регионот и пошироко. Преку овој Центар болницата активно ги следи и аплицира најновите научни знаења и пракси во здравствениот менаџмент. Тимот на професионалци од областа на здравствениот менаџмент, комуникациите, дигиталниот маркетинг и медицината, секојдневно ги креира, предлага и спроведува стратегиите и програмите, координирани со клиничкиот дел од болницата, со што креира позитивна атмосфера и искуства за вас, нашите пациенти. Резултат на нашата тимска работа е едно големо семејство на наши задоволни и лојални пациенти, кое секојдневно се проширува и зголемува.“ – додаде д-р Весна Чадо.