
За многу луѓе носењето очила е непријатност и тие бараат решение за јасно да гледаат за да можат да продолжат со активностите во секојдневниот живот. Ова е моментот кога многу луѓе ќе се префрлат од очила на контактни леќи или ќе размислуваат за ласерска корекција на диоптрија. Кога станува збор за јасен вид секогаш постоела дебата што е подобро и побезбедно – ласерска корекција на диоптрија или контактните леќи?
Според последните истражувања одговорот на прашањето е ласерската корекција на диоптрија. Не само во поглед на јасниот вид кој го добива пациентот, избегнувањето на сериозни инфекции, и безбедноста на методата, туку и од финансиски аспект на долгорочен пат. Контакните леќи се поефтина варијанта од ласерската корекција на диоптрија на краткорочен пат, но на долгорочен се дури тродупло поскапи од интервенцијата. Контакните леќи кои се купуваат на месечно ниво, ќе ви ја исплатат ласерската корекција на диоптрија во рок од 1 година. Најчесто се развива интолеранција на контактни леќи по 15 години носење, додека ласерската корекција на диоптрија ја корегира диоптријата се до 50-тата година кога започнува природниот процес на стареење на нашето тело и очи и може да настанат промени во видот.
Во однос на безбедноста, според истражувањето на списанието Archives of Ophthalmology, лицата кои носат контакни леќи се повеќе склони кон сериозни инфекции на очите, отколку пациентите кои ја направиле ласерската корекција на диоптрија.
Ризците од контактни леќи се:
- Чести очни инфекции и алергии;
- Развивање на интолеранција на контактни леќи;
- Развивање кератоконус;
- Суво око;
- Хроничен конјуктивит.
Ризиците од ласерската корекција на диоптрија:
- Привремено суво око;
- Можна појава на халоа во ноќни часови.
Како што технологијата за ласерска корекција на видот продолжува да се развива, овие ризици продолжуваат да се намалуваат.