зимски инфекции на очите

Покрај празнична сезона, семејните традиции и подароци, зимата носи студ и ниски температури кои можат да доведат до разни инфекции на очите. Суровото време надвор, со сувиот и застоен воздух внатре, може да ги иритираат очите и да предизвикаат проблеми со видот. Ако одлучите да останете внатре, студенилото кое навлегува во просторијата која што се загрева, може да ги исуши очите. Кај некои луѓе, студенилото може да предизвика и прекумерно солзење на очите и заматување на видот. Зимските алергени се подеднакво опасни за видот, како и летните. Животинскиот првут и прашината, заробени во затворени простории во кои нема добра вентилација ниту пак доволно проветрување, се серизона закана за очите. Тие предизвикуваат црвенило на очите, насолзеност, чешање, затнат нос, кивање и кашлање. Ќе се обидеме да ви дадеме неколку практични совети, со помош на кои ќе ги заштите очите и вашиот вид во текот на зимските месеци.

Одржувајте ја влажноста на очите

Во текот на зимата, сувите и иритирани очи се најчеста закана за нашиот вид. За да ја одржувате влажноста на очите, потребно е целиот организам да е добро хидриран. Треба да избегнувате лекови кои влијаат на влажноста, како што се на пример, лековите против алергии и несоница. Ако сепак дојде до сушење на очите, или пак се сомневате дека тоа ви се случува, веднаш закажете офталмолошки преглед.

Избегнувајте инфекции на очите

Бактериите и вирусите може да влезат во вашето тело преку очите. Одредени вируси се почести во текот на зимските месеци и може да предизвикаат сериозни заболувања.

Вирусниот конјуктивит понекогаш е поврзан со горната респираторна инфекција, како што е настинката. Симптомите вклучуваат црвениоло и чешање на очите и прекумерно солзење. Кај некои луѓе има и исцедок од очите кој може во текот на ноќта да формира кора. Овој конјуктивит лесно се пренесува од едно на друго око само со допир.

Затоа со често миење на рацете, избегнување на допири на носот и устата може да го намалите ризикот од инфекции. Силниот имунитет на организмот, кој е резултат на здрава исхрана и начин на живот, е бариера која ги спречува инфекциите.
Носете очила за сонце

Студенилото надвор, не значи дека на очите не им треба соодветна УВ заштита. Сонцето што се рефлектира од снегот, може да биде многу опасно за очите. Дури и кога е облачно изложени сте на УВ зрачење. Без оглед дали сте страствен скијач, тркач во сите сезони, или пак едноставно уживате во борба со снежни топки, заштитата на вашите очи е клучна во текот на змиските месеци.

Намалете ги алергените во затворен простор

Шансите за алергија, вклучително и на оние кои влијаат на вашите очи, може да ги намалите со неколку едноставно чекори. Менувајте ја постелнината најмалку еднаш неделно, користете перници и прекривки кои не предизвикуваат алергии. Редовно менувајте ги филтрите на апартите за прочистување на воздухот, по можност користете филтер кој го намалува правот во воздухот. Редовно чистете ги теписите, особено ако во домот чувате милиеници.

Пренасочете ја топлината од вашето лице за да спречите зимски инфекции на очите

Инверторите во домот или пак грењеето во вашиот автомобил може да ги исуши очите. Бидете сигурни, дека насоката на топлината е далеку од вашите очи.

Се надеваме дека советите ќе ви помогнат да спечите евентуални проблеми со очите во текот на зимата. Ако имате прашања или пак сте загрижени за вашите очи закажете консултација со некој од нашите офталмолози.