Веќе знаете дека очите мораме да ги чуваме од УВ зраците на сонце, бидејќи може да се случи изгореница на окото. Изгореници на очи е болно воспаление на рожницата исто како изгореница на кожата. Слично на вашата кожа, симптомите на изгорените очи вклучуваат болка, печење, црвенило и чувствителност. Откако ќе ги забележите овие симптоми, веќе сте поминале премногу незаштитено време на сонце. Но, дали сте знаеле дека може да се појават изгореници на очите и од снег? Познат како фотокератитис, „снежното слепило“ конкретно се однесува на привременото губење на видот предизвикано од воспаление на рожницата, како резултат на прекумерна изложеност на ултравиолетово зрачење, типично од сонцето.

На вакво снежно време, не постои дете или возрасен што не сака да излезе надвор и да ужива во убавините на снегот. Но, мора да се внимава на соодветна заштита на очите. Снегот може да рефлектира 80% УВ зраци или повеќе. Луѓето кои уживаат во зимските спортови на отворено, како што се скијање, сноуборд или планинарење, имаат двојно поголема веројатност да добијат снежно слепило, бидејќи ризикот од оштетување на очите се зголемува на повисоки височини, каде што сончевите УВ зраци се посилни.

Ненадејните симптоми на снежно слепило може да бидат застрашувачки. Покрај црвените, болни, иритирани очи, кај пациентите можат да се појават симптоми како што се:

  • Чувствителност на светлина
  • Чувството дека има нешто во очите
  • Заматен вид
  • Насолзени очи
  • Главоболки
  • Халоа околу светлата
  • Отечени очи или очни капаци

Добрата вест? Снежното слепило е и привремено и целосно може да се спречи. Снежни/спортски очила или очила за сонце што блокираат 100% од УВ зраците можат да го спречат снежното слепило. Важно е да носите заштитни очила секогаш кога сте надвор на сончева светлина подолги периоди, дури и во облачни денови. УВ зраците продираат во облаците, иако мислите дека не ви требаат очила за на снег, би ви препорачале да ги носите постојано.

Доколку имате снежно слепило и не сте во состојба да дојдете во болница, закажете онлајн консултација со нашите офталмолози и отстранете ја загриженоста во истиот момент!

Совет за првичен преглед и/или дијагностика
во случај да имате иста или слична состојба:

Онлајн консултација

15 минутна видео консултација со доктор

1.000,00