Изгореници на очи

Изгореници на очи е болно воспаление на рожницата исто како изгореница на кожата. Изгореницата се појавува кога сте изложени на ултравиолетово светло (UV зрачење). Може да биде предизвикано од сите видови на UV светло. Доколу сте на море или езеро, самото сонце прави еден вид на рефлексија во водата и на самиот песок кој директно ги напаѓа очите. Самата рожница знае да се обнови во еден или два дена и вообичаено не остануваат лузни. Но, доколку изгорениците не се третираат може да се појави инфекција на окото. 

Симптоми на изгореница во око

Симптоми за изгореница во око се:

  • Болка, јака или слаба, најчесто се појавува по неколку часа од изложување на UV зрачење
  • Црвено око
  • Непријатност во светли простории
  • Суво око
  • Матен вид
  • Чувство дека имате постојано нешто во окото.

Причини за појава на изгореници во очи

  • Зрачење со апаратура
  • Директна изложеност на сончеви зраци
  • Рефлекција од сонце на вода или снег
  • Салон за потемнување.

Терапија за појава на изгореници на очи

  • Вештачки солзи
  • Одмор на очите (да не се работи на компјутер и да не се изложува на светлина)
  • ладни облоги преку окото
  • Антибиотски капки
  • носење очила постојано
  • Офталмолошки преглед

За да не дојде до вакви изгореници, најдобар начин е заштита на очите односно носење на очила за сонце секаде каде што одите и изложени сте на UV зрачење.
Доколку сте на одмор и ви се појави инфекцијан на окото и не сте во можност да дојдете на офталмолошки преглед, ви овозможивме SOS SUMMER EYE CARE, 15 минутна онлајн консултација со доктор.