На близначките Анета Јаневска Евгениевска и Александра Јаневска проблемот со видот им започнал уште на мали години и со истиот се бореле долги години. Нивната диоптрија им претставувала пречка во секојдневниот живот како и во секојдневните обврски, велат тие.

По консултација со Доц. д-р Билјана Костовска и по многубројните позитивни искуства од предходни пациенти на Систина Офталмологија кои ја направиле истата интервенција, тие се одлучија заедно да ја направат Ласерската корекција на диоптрија и да го исполнат нивниот долгогодишен сон – јасен вид без очила и очни помагала.

“Мојот син тренира фудбал долго време и јас присуствувам на сите натпревари меѓутоа никогаш неможев убаво да го видам на цело игралиште. Сега после толку време, благодарение на Систина Офталмологија прв пат мојот син го гледав како игра на фудбалски натпревар и многу бев пресреќна во тој момент.” – вели Анета.

“Трае буквално 10 минути и тимот на Систина Офталмологија морам да пофалам дека беа прељубезни од првиот ден, до прегледите, до денот на операцијата, до после испраќањето на домашен третман – се беше како што треба. По операцијата нормално имавме прашања, а  докторката беше во секое време достапна и ни се јавуваше, така да све беше како што треба.”

Тие за интервенцијата кажаа дека траела навистина кратко, само 5-10 минути, се многу среќни што се одлучиле за таа промена во нивните животи и препорачуваат на сите кои се размислуваат или го имаат истиот проблем, да соберат храброст, да не се секираат и да се одлучат за оваа интервенција.

IMG-1911f05b27243def180bdfc703b0b202-V

Погледнете го видеото и дознајте повеќе за нивното искуство со Ласерската корекција на диоптрија во Систина Офталмологија.