Систина Офталмологија во соработка со општина Гостивар во текот на месец мај го реализираше Проектот за рано откривање на очни сотојби кај  деца на возраст од 6 до 10 години во регионот на општина Гостивар.

Целта на проектот беше да се направи едукација и скрининг на овие дечиња, зошто раната детекција на анималиите со видот е од огромно значење за идно правилно развивање на видот а воедно и целокупното напредување на детето и неговиот успех во учењето.

Медицинската екипа на Систина Офталмологија во период од 20 работни дена, посети 21 основно училиште и направи скрининг на видот на околу 3500 дечиња од прво до петто одделение, на територијата на цела општина Гостивар: селата Чајле, Форино, Чегране, Дебреше, Вруток, Речане, Раден, Беловиште, Лакавица, Србиноцо, Балин Дол, Долна Баница, Горна Баница, Здуње и населбата Циглана.

Во екипата која помина 2500 км беа вклучени доктори, сестри како и вработени во канцеларијата за искуство на пациенти од Систина Офталмогија Скопје и дијагностичкиот центар Систина Офталмологија во Гостивар.

Едукацијата и скринингот се одвиваше во соработка со општината, училиштата и родителите на децата кои ни дадоа безрезервна поддршка. Сите оние дечиња кај кои се увиде потреба од понатамошно следење на состојбата, препорака и насоки беа дадени од нашиот тим.

Ние сме дел од заедницата и сме одговорни кон неа.