Различните повреди и оштетувања на ретината на окото, денес се лекуваат со зафат познат како витректомија. Овој зафат е сосема безбеден
и безболен, а се изведува и кај дијабетичари.

Една од најсложените интервен­ции во офталмологијата е ви­тректомијата, која се изведува на задниот сегмент на окото, низ четири мали отвори (помали од 1мм) на белката од окото, низ кои се влегува до стаклестото тело и тоа се отстранува, па се заменува со специјален гас или сили­конско масло, а дупчињата се затвораат со ласер.

Дијабетична ретинопатија

Состојби при кои се изведува овој сло­жен, но минимално инвазивен зафат, се најразлични, почнувајќи од дијабетична ретинопатија, до одлепување на ретината и други повреди на окото.

– Дијабетичната ретинопатија е оште­тување на ретината (внатрешната обвив­ка на окото) како резултат на дијабетес. Ретината ја прима светлината што влегу­ва во окото и ја претвора во електричен импулс, кој потоа се пренесува низ очниот нерв до мозокот каде што се формира сликата. При дијабетична ретинопатија доаѓа до оштетувања на малите крвни са­дови во ретината и нервните клетки, а тоа се решава со витректомијата – вели д-р Илир Османи, специјалист офталмолог и хирург во „Систина Офталмологија“.

Аблација на ретината

Друга состојба што се лекува со витре­ктомија е аблација на ретината, односно одлепување на мрежницата. Таа е резул­тат на навлегување очна водичка низ мало дупче на ретината, кое постепено се шири и ја подигнува околната рети­на. Низ него поминува очната водичка и целосно ја одлепува ретината од очната позадина. Ова е итна состојба, која мора да се оперира во рок од 24 часа, а првите симптоми се појава на светкања како молњи и црни точки во видното поле. Понекогаш може да се појави и мала количина на крв во стаклестото тело. Состојбата се влошува со појава на перде во видното поле. Кога одлепувањето ќе стигне до центарот на видот, за еден до два дена видот значително се намалува и лицето не може да чита, ниту да пре­познава други лица.

Исто така, повреди на очите настанати од удар на окото со тврд предмет, тениско топче, тупаница и слично, се решаваат со виткректомија.

– Ударот на окото со тврд предмет мо­же да ги оштети очите, очните капаци и очните мускули, па дури и коските што го опкружуваат окото. Ако повредата на окото е блага, очните капаци може да станат отечени и да се појави модринка. Доколку окото не е повредено, модрин­ката поминува по неколку де­на. Ако повредата е потешка, може да се појави крвавење во внатрешноста на окото, како и појава на трауматска катаракта. Во некои случаи, може да има и зголемен очен притисок и да доведе до оште­тување на видот – вели докто­рот и потенцира дека во текот на операцијата се отстранува стаклестото тело, кое потоа се надоместува со нормалната очна водичка, која окото са­мостојно ја произведува и нормално функционира.

На крајот на операцијата во окото се става гас или силиконско масло за да ја држи ретината прилепена доде­ка таа целосно не се залепи. Предност на гасот е што самиот излегува од окото и после 2 до 6 недели не е потребно да се оди на дополнителна операција за вадење. Во случаите кога аблацијата не е навреме от­криена или е комплицирана, се става силиконско масло, кое потоа се вади од окото за неколку месеци (3-6 месеци), но некогаш може да остане и подолго време.

Окото по операцијата, која може да се изведе со локална, некогаш и со целосна анестезија, не е црвено и болно, а закреп­нувањето е брзо. Потребно е да се става терапија со капки и маст во текот на две до три недели, а окото мора да биде затворено само еден ден. Контролните прегледи се закажуваат еден ден после операцијата, седум дена после операцијата и 2 до 3 не­дели по интервенцијата. По 10-тина дена кај едноставните повреди, пациентот може да се врати на секојднев­ните активности. Во текот на тие 10 дена потребно е пациентот да миру­ва и да лежи во положба која ќе ја препорача лекарот, додека работа на компјутер, гледање телевизија, читање, е дозволе­но со користење на другото око.

Друга состојба што се лекува со витре­ктомија е аблација на ретината, односно одлепување на мрежницата. Таа е резул­тат на навлегување очна водичка низ мало дупче на ретината, кое постепено се шири и ја подигнува околната рети­на. Низ него поминува очната водичка и целосно ја одлепува ретината од очната позадина. Ова е итна состојба, која мора да се оперира во рок од 24 часа, а првите симптоми се појава на светкања како молњи и црни точки во видното поле. Понекогаш може да се појави и мала количина на крв во стаклестото тело. Состојбата се влошува со појава на перде во видното поле. Кога одлепувањето ќе стигне до центарот на видот, за еден до два дена видот значително се намалува и лицето не може да чита, ниту да пре­познава други лица.

Исто така, повреди на очите настанати од удар на окото со тврд предмет, тениско топче, тупаница и слично, се решаваат со виткректомија.

– Ударот на окото со тврд предмет мо­же да ги оштети очите, очните капаци и очните мускули, па дури и коските што го опкружуваат окото. Ако повредата на окото е блага, очните капаци може да станат отечени и да се појави модринка. Доколку окото не е повредено, модрин­ката поминува по неколку де­на. Ако повредата е потешка, може да се појави крвавење во внатрешноста на окото, како и појава на трауматска катаракта. Во некои случаи, може да има и зголемен очен притисок и да доведе до оште­тување на видот – вели докто­рот и потенцира дека во текот на операцијата се отстранува стаклестото тело, кое потоа се надоместува со нормалната очна водичка, која окото са­мостојно ја произведува и нормално функционира.

На крајот на операцијата во окото се става гас или силиконско масло за да ја држи ретината прилепена доде­ка таа целосно не се залепи. Предност на гасот е што самиот излегува од окото и после 2 до 6 недели не е потребно да се оди на дополнителна операција за вадење. Во случаите кога аблацијата не е навреме от­криена или е комплицирана, се става силиконско масло, кое потоа се вади од окото за неколку месеци (3-6 месеци), но некогаш може да остане и подолго време.

Повторување на зафатот

Зафатот може да се повтори ако дојде до повторно одлепу­вање на рожницата или крва­вење, секако и кога треба да се извади силиконското масло. Сепак, лекарите предлагаат ре­довно да се оди на контролни прегледи со кои би се откриле различни состојби на окото и би се реагирало со нивно третирање, за да се подобри состојбата, пред да се премине на витректомија.

– Доколку се оди на редовни прегледи ќе може редовно да се следи и да се утвди која било промена на окото. Особено е значајно прегледот да опфаќа ширење на зеници, бидејќи на тој начин може да се види задниот сегмент на окото, кој е, всушност, индикатор докол­ку постои некаков проблем. Ширењето на зеници се прави со ставање капки во окото, не трае повеќе од половина час, не е болно, само може да има мало печење, што е нормално – вели соговорникот д-р Османи и додава дека кај развиена дијабе­тична ретинопатија пред да се премине на интервенција постојат помалку инва­зивни начини на лекување што се мошне успешни.

Тие подразбираат апликација на инјекции и друга терапија со кои освен стабилизација на состојбата на ретината има и подобрување на видот. Како дополнителен метод се користи ласерфотокоагулацијата. Со сите овие третмани се постигну­ва уништување на новоформира­ните абнормални крвни садови, како последица на дијабетичната ретинопатија, кои пукаат и крва­ват, со што го уништуваат ткивото на ретината и ја спречуваат здра­вата циркулација.

Линк до печатената верзија.

Совет за првичен преглед и/или дијагностика
во случај да имате иста или слична состојба:

Супспецијалистички преглед

Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок, преглед на очно дно – преглед на преден и заден сегмент на очите.

1.650,00

ОЦТ

Оптичка кохерентна топографија на преден сегмент или заден сегмент.

1.900,00

Аблација на ретина

Операција на заден сегмент. Цената се однесува на едно око.

123.000,00

Аблација на ретина ФЗО

Операција на заден сегмент. Цената се однесува на едно око.

6.000,00

Витректомија

Операција на заден сегмент. Цената се однесува на едно око. Оваа интервенција ја покрива и Фондот за здравство.

123.000,00

Витректомија преку ФЗО

Операција на заден сегмент. Цената се однесува на едно око. Оваа интервенција ја покрива и Фондот за здравство.

6.000,00

Витректомија и операција на катаракта

Операција на заден сегмент и операција на катаракта со вградување на интраокуларна леќа. Цената се однесува на едно око.

166.000,00

Најчести прашања

Која е разликата меѓу инјекциите?

И двете инјекции ( Ејлеа и Авастин) се борат против создавање на ВЕГФ протеин кој предизвикува формирање на абнормални крвни садови со тенки ѕидови во задниот дел на окото кои не се функционални и предизвикуваат крварење.

Ејлеата е моќна, покоцентрирана инјекција со делотворно продолжено делување 5-6 недели. Авастинот делува од 25 дена до 1 месец.

Дали ќе биде доволно само една инјекција?

Се зависи од навремениот почеток на лекување. За жал, кај нас пациентите доаѓаат на преглед кога веќе имаат субјективни пречки во гледањето. Па, во одредени случаеви се потребни повеќе апликации.

Зошто мора да се примени анти-ВЕГФ третман?

Со спречување на создавањето на ВЕГФ протеинот, се спречува појава на нови крвни садови кои предизвикуваат крварење и едем, а со тоа се заштитува ретината и се сочувува видот.

Колку може да се подобри видот?

Подобрувањето на видот е индивидуално кај секој пациент, во зависност од навремено лекување и реакцијата на инјекцијата, но кај сите има позитивни резултати.

Што е ОЦТ?

Оптичка кохерентна томографија, која е неизнвазивна дијагностика која ни овозможува најсовремена снимка на структурата на задниот дел од окото (макулата и очниот нерв) што е особено важно за следење на состојбата на ретината, следење на состојбата на појава на крвните садови како и утврдување на потреба од дополнителна апликација на инјекција.

Зошто е потребно ОЦТ пред и после апликација на анти-ВЕГФ?

Поради можноста да се направи компарација на делување на инјекцијата пред и после третманот, со што се утврдува временскиот период за апликација на инјекцијата.