Информации за тековно работење во услови на Ковид - 19

Повеќе

Што се ИНТРАОКУЛАРНИ леќи?

Интраокуларна леќа, или IOL, се имплантира во вашето око со помош на хируршки зафат и служи многу слична функција на отстранетата природна леќа.

Предноста на овие леќи е тоа што се доживотни и не е потребно да се вадат или ставаат. Доколку имате катаракта, придобивката на овие леќи е тоа што со еден зафат ќе го решите проблемот со истата и диоптријата засекогаш. Постојат повеќе видови на IOL достапни.

Untitled-5
Untitled-4

Која е разликата помеѓу интраокуларни и контактни леќи?

Интраокуларната леќа се вградува хируршки во окото. Таа не се менува ниту пак вади туку после имплантацијата, доживотно останува во вашето око.

Контактните леќи се наменети за секојдневна употреба и истите мора да ги вадите, чистите и менувате.

Видови на интраокуларни (IOL) леќи

Доколку размислувате за вградување на интраокуларни леќи, многу е важно да ги разберете различните видови и да дознаете која е најсоодветна за вас. Видовите на IOL вклучуваат:

Монофокалните IOL се најчестиот вид на IOL, а исто така и најевтиниот.

Монофокалните леќи се интраокуларно решение со кое се овозможува вид на едно растојание – близок, среден или далечен опсег. Повеќето луѓе избираат монофокални леќи поставени за далечина и користат очила за читање кога треба да видат одблизу.

Мултифокалните IOL се дизајнирани да овозможат јасен вид со сите растојанија. Со овие леќи, пациентите гледаат слично како со бифокалните или трифокалните очила.

Торичните IOL леќи се разликува од другите видови бидејќи е дизајниран специјално за луѓе со астигматизам (цилиндер). Торичните IOL помагаат во прекршување на светлината на начин кој го коригира астигматизмот, а истовремено служи и како леќа за окото.

Торичните IOL може да бидат и монофокални и мултифокални, во зависност од потребите и желбите на пациентот и обично цената им е поголема од стандардна леќа од истиот вид.

Како да ја одберете најсоодветната интраокуларна леќа за вас?

За да го направите правилниот избор, потребно е да земете неколку аспекти во предвид при изборот на леќа за вашата операција. Тоа се:

  • Цена на леќата

    Интраокуларните леќи варираат во цена според бенефитите кои самата леќа ви ги овозможува. Доколку имате приватно осигурување, може да проверите со нив дали тие покриваат некој вид на интраокуларна леќа.

Вградување на монофокална леќа 
Mонофокална троделна акрилна интраокуларна леќа. Цената се однесува на едно око.

48.500,00

Вградување на монофокална леќа 
Mонофокална едноделна акрилна интраокуларна леќа. Цената се однесува на едно око.

55.900,00

Вградување на монофокална леќа 
Moнофокална асферична жолта интраокуларна леќа. Цената се однесува на едно око.

67.500,00

Вградување на монофокална торична леќa
Интраокуларна леќи за корекција на диоптрија на сите растојанија и астигматизам (цилиндер). Цената се однесува на едно око.

92.500,00

Вградување на мултифокална леќа
Интраокуларна леќи за корекција на диоптрија на сите растојанија. Цената се однесува на едно око.

124.000,00

Вградување на мултифокална торична леќа
Интраокуларна леќи за корекција на диоптрија на сите растојанија и астигматизам (цилиндер). Цената се однесува на едно око.

135.300,00
  • Време на адаптација

    Времето на адаптација зависи од видот на леќа која е имплантирана во вашето око. Доколку се одлучите за монофокални леќи, на вашето око ќе му биде потребен пократок временски период на адаптација, додека пак доколку имплантирате мултифокални леќи, процесот може да трае и до 6 месеци по интервенцијата, за вашето око да биде целосно адаптирано.

  • Вашите потреби

    Доколку не ви пречи да носите очила само во одредени ситуации, монофокалната леќа може да биде вистинскиот избор. На пример, доколку читате многу во текот на денот, монофокални IOL за блиску и наочари за далеку би било идеално решение за вашиот случај. Во спротивно, доколку сакате да избегнете носење наочари за далечина и имате астигматизам (цилиндер), посоодветен избор за вас е торичната леќа. Сè се сведува на она што го сакате во однос на подобрување на видот и начинот на живот.

3952604

Видете го светот околу вас со јасен вид!

Најчести прашања од пациенти

Дали интервенцијата е доживотна?

Да, имплантацијата на интраокуларните леќи е доживотна интервенција.

Колку време се лежи во болницата по интервенцијата?

По интервенцијата, уште истиот ден си заминувате дома.

Дали може во ист ден да се направи прегледот и интервенцијата?

Кај нас можете да го направите прегледот и интервенцијата во ист ден. Операцијата на катаракта е безболна, брза, сигурна и ефективна после која си заминувате дома. Благодарение на врвната технологија, знаењето и искуството на нашите хирурзи, катарактата може да се реши за само 3 часа од кога ќе дојдете во клиниката.

Колку време ми е затворено окото по интервенцијата?

По операцијата на катаракта, окото обично се затвора додека не се вратите дома, ако се извршат операции на двете очи, тогаш се става заштитна леќа на окото и окото не е затворено.

Дали интервенцијата е покриена од ФЗО?

Да, интервенцијата ја покрива Фондот но само за стандарден вид на леќа. Повеќе детали на: Соработка со ФЗО 

Дали постои природен лек за катаракта?

Катарактата е заматување на природната леќа и може да се отстрани само со оперативен зафат. Истражувањата и доказите покажуваат дека се уште не постои природен лек за катаракта.

Дали катарактата се оперира ласерски?

Не, катарактата (перде) не се оперира ласерски. Единствен начин со кој може да ја отстраните катарактата е со помош на хируршки зафат кој е брз, безболен и безбеден.

Кое е најдобро време да се оперира катаракта?

Интервенцијата е најдобро да се изврши кога ќе почнете да имате пречки во секојденвното функционирање. Тие се јавуваат како резултат на заматување на видот и губење на контрастите, како кога гледате преку нечисто стакло.

Во кој дел од годината се препорачува да се направи операција на катаракта?

Операцијата на катаракта може да се направи во било кој дел од годината.