
Во знак на благодарност за хуманоста која што ја прават овозможивме поволности на офталмолошки услуги на сите членови на Здружение на крводарители и поддржувачи на крводарителството КРВОДАРИТЕЛ Скопје во сите наши медицински центри.
За да ги искористите поволностите кај нас треба да закажатe претходно преглед на нашите телефонски броеви (02/3097-000; 070/351-008), со напомена дека сте член на здружението. Како верификација ќе биде потребно да ја покажатe својата членска картичка на денот на терминот.
За повеќе информации и пристапување кон членство на ова Здружение може да прочитате повеќе на нивната интернет страница: www.krvodaritel.org
Затоа што крводарителите го заслужуваат тоа!
Информации за тековно работење во услови на Ковид- 19
- Понеделник – петок од 08:00 – 20:00 часот
- Закажување на термин на:
- Скопје: + 389 2 3097 000;
- Битола: +389 47 226 900;
- Гостивар: +389 42 210 800;
- Пациентите од медицинските центар во Тетово се пренасочуваат во „Систина Офталмологија“ Скопје;
- Редовните закажани термини за прегледи и интервенции ќе се одвиваат непречено;
- Дозволена е една придружба за лицата кои доаѓаат на преглед/интервенција.
- Влезот во болницата се одвива преку Влез А, Влез Б и Ургентен центар на „Аџибадем Систина“;
- Сите лица што влегуваат во болницата се обврзани да ја поминат контролата на влезовите што се во функција.
Услугата online консултација ќе Ви овозможи од безбедноста и удобноста на Вашиот дом да добиете стручен совет од наш доктор за вашата состојба со очите и да добиете насоки за понатамошна медицинска нега односно медицински извештај.