
Од 26 – 28 Мај во Тирана се одржа VIII Национален конгрес на Албанското офталмолошко друштво во Албанија, каде беше претставена богата и иновативна програма фокусирана на развојот на офталмологијата во регионот.
На овој Конгрес присуствуваше д-р Илир Османи, нашиот специјалист офталмолог и хирург кој на сесијата за Катаракта и рефрактивна хирургија одржа предавање на тема: „Споредба на ефектите на различни мултифокални леќи на визуелната острина и задоволството на пациентот по операцијата на катаракта.“ на случаи во Систина Офталмологија.
