На покана на Алкалоид, нашиот медицински директор д-р Златко Арнаудовски зборуваше за врската меѓу “ДХА и развој на видот кај децана online предавањето кое се одржа на 30.03.2021 година.

Првиот офталмолошки преглед се препорачува да се направи на возраст од 3 години дури и детенцето да не јави симптоми дека има проблем со видот. Во случај да се јават симптоми и пред таа возраст, може да се донесе детето на преглед. Навременото откривање и следење на состојбата на видот се исто така многу важни за правилен развој на видот кај детето.

Д-р Златко Арнаудовски ја отвори својата презентација со објаснување за развојот на видот кај новороденчињата кој во најголем дел се развива после раѓање особено по првите неколку години од животот. При раѓањето, структурите од системот за вид се потполно присутни, но не се созреани. Вообичаено, новороденчињата се хиперметропи. Додека астигматизам (цилиндер) се забележува кај 71% од новородените деца. Постепеното намалување на хиперметропијата се случува до возраст од 7 години, а потоа се појавува миопично поместување во текот на целото детство.

Во однос на поврзаноста на омега-3 масни киселини односно ДХА и развој на видот кај децата, докажано е дека е есенцијален нутритиент во ретината за правилен развој на видот кај дечињата. Периферниот дел на ретината се развива побрзо од фовеалниот дел. На возраст од 1 месец после раѓање се појавуваат конусните клетки, додека веќе на возраст од 8 месеци после раѓање, макулата (центарот за јасен вид) е зрела. Со помош на суплемент ДХА се овозможува побрз и правилен развој на видот кај дечињата. Секако омега-3 масните киселини се значајни за целовкупниот правилен развој и раст на детенцето.

Веќе на возраст од 2 до 5 години, детенцето како што се развива ќе прави фино подесување на способностите придобиени во новороденечкиот период и ќе развива нови. Д-р Златко Арнаудовски потенцираше дека во овој период особено треба да се внимаваа на можно присуство на проблеми со видот како што се страбизам (различна положба на очињата кај децата) или појава на амблиопно (мрзливо око). Овие проблеми често се јавуваат на таа возраст.

Дополнително, треба секогаш да се внимаваа на забавен развој кај детенцето, коешто може да е сигнал за проблеми со видот. Исто така, проблеми со препознавање на бои, форми, бувки и броеви може да се појават доколку детенцето има проблеми со видот.

ДХА и развој на видот кај децата

Школски деца на возраст од 6 до 18 години треба да ги имаат развиено видните фукции како видна острина (способност да гледа јасно во далечина и близу при читање на книга); да може брзо да го фокусира видот и да го задржи при прромена на оддалеченост на предметите; како и следење на очите односно способност да се задржат очите на одредена цел како на пример следење на предмет кој се движи како фрлено топче.

Предавачи на настанот беа д-р Анета Демерџиева и д-р Наталија Ангелкова специјалисти педијатри од Аџибадем Систина, Силвана Филипова, логопед од Завод за рехабилитација на слух, говор и глас – Скопје, а присутни беа и еминентни педијатри од нашата земја.

Совет за првичен преглед и/или дијагностика во случај да имате иста или слична состојба:

Специјален преглед за деца

Испитувањата на прегледот зависи од годинките на детето. Цената варира согласно потребните испитувања.

2.300,00


Офталмологот го задржува правото да предложи друг вид на преглед и/или дијагностика во зависност од утврдената состојба на прегледот.