диоптрија

Бевте на офталмолог и ги слушнавте поимите миопија, хиперметропија, астигматизам, пресбиопија?

Иако носите очила или контакни леќи, се уште не сте сигурни што точно значи поимот диоптрија?

Според дефиниција: единица мерка на рефрактивната моќност на леќата еднаква на реципроцитетот на фокусната должина во метри.

Човекотото око има природна леќа која е задолжена за бистрење на слика и која визуелните сигнали ги испраќа до ретината каде целосно се формира сликата.

Диоптријата е всушност мерка со која се одредува колку е способна вашата леќа да ја избистри сликата која што ја гледате. Таа способност одредува дали вие сте кратковиди или далекувиди.

Што тоа значи?

  • Kратковидост

Кратковиди сте ако јасно ги гледате предметите во непосредна близина, а сите пооддалечени предмети ви се заматени. Може да е наследна и често брзо напредува во тинејџерските години. Се корегира со минус диоптирја. 

  • Далекувидост

Далекувидност е кога предметите во непосредна близина ви се матни или ви е потешко да читате. Може да е наследно, но во текот на детството може да се нормализира и да се намали. Се корегира со плус диоптрија

  • Астигматизам (цилиндер)

Астигматизмот, познат како цилиндар, се појавува поради асиметричноста на рожницата односно предниот дел на окото. Во нормални случаи рожницата е рамномерно закривена?, додека кај астигматизмот едната страна на рожницата е повеќе закривена од другата страна. Астигматизмот може да биде плус или минус.

  • Пресбиопија 

Пресбиопија или старосна диоптрија е дел од природниот процес на стареење на окото. Најчесто почнува да се јавува кај лица во раните четириесетти години. Се јавува поради намалување на функцијата на очните мускули што ја „виткаат“ природната леќа (леќата има облик на диск кога гледаме на далечина, а личи на кугла кога гледаме на близина).

  • Дали се корегира диоптрија?

Диоптријата може да се корегира со очила, контакни леќи, кои треба постојано да се носат или со конечно решение – да се отстрани диоптријата со рефрактивна хирургија.

Очилата за корекција на диоптрија и контакните леќи се очни помагала кои ќе треба да ги носите внимателно и да ги почитувате правилата за носење на истите. Очните помагала ви помагаат да гледате, но не и да ја отстранат диоптријата.

Додека со рефрактивната хирургија: ласерската корекција на диоптирја, мултифокалните леќи и вградување факични леќи, диоптријата ја отстранувате и повеќе немате потреба да носите очила или контактни леќи.

Одлуката за вашиот вид е во ваши раце. Ние сме тука да ви помогнеме да го направите правилниот избор за здравјето на вашите очи и да гледате јасно.