Постковид синдромот,  дополнително го отежнува и онака комплициранoто лекување на болеста, затоа е многу важно да се утврди и дијагностицира како здравствена состојба на организмот.  Постоењето на „долг ковид“  во организмот, може да се открие преку очите, односно промените на рожницата, откриваат најновите истражувања, објавени во British Journal of Ophthalmology.

Офталмолошкото откритие, покажува дека доаѓа до губење на нервните влакна и зголемување на имунолошките клетки на рожницата, кај луѓе кои имаат постковид синдром. Тој факт во голема мера го олеснува лекувањето на постковид синдромот и проценката на ефектот на терапиите кои може да влијаат на опоравување на нервниот систем “, вели Rayaz A. Malik, PhD, with the Department of Medicine, Weill Cornell Medicine Qatar in Doha, Qatar. Состојбата, најчесто се поврзува со луѓе кои за време на болеста,  изгубиле чувство за мирис и вкус, претпреле вкочанетост, или невропатска болка.

Постковид синдром, или т.н. „долг ковид“, најчесто добива еден од десетмина, кои го прележале вирусот Ковид 19 , и може да се  манифестира во вид на замор, отежнато дишење, болка во белите дробови, опаѓање на косата, различни невролошки проблеми и сл. Во најтешките случаи може да предизвика мозочен удар или инфаркт.

Од друга страна, според истражување објавено во списанието BMJ , околу 80 отсто од пацинетите кои имале ковид, се изјасниле дека имаат проблем со очите.  Најчести очни состојби, кои биле пријавени биле чешање, осетливост на светлина и воспаление.  Кај потешките случаи пациентите пријавиле симптоми на чувство на горење на очите, црвенило, болка, подуност, отечени очни капаци и често насолзување.

Без оглед, дали имате слични симтоми или не, ако сте прележале Kовид 19, задоложително направете пост ковид очен преглед. Сега имаме уште една потврда дека преку очите може да се открие состојбата на целиот организам, и можност да ги исклучиме ризиците што пандемијата ги носи.

Пост-ковид очен преглед

Детален преглед наменет за лица кои прележале коронавирус.

2.260,00

Офталмологот го задржува правото да предложи друг вид на преглед и/или дијагностика во зависност од утврдената состојба на прегледот.