
За некои лица, чаша кафе наутро е задолжителна. Дури, некои лица го користат изразот дека “очите не им се отвораат” додека не се напијат голтка кафе. Како и да е, и најдобрата работа доколку се внесува премногу е штетна. Внесот на голема количина кафе (повеќе од 3 кафиња на ден) може негативно да влијае на очите на краток период, но со текот на времето да направи сериозни штети на самото око.
На мозокот, кофеинот влијае како адензон, соединение кое се состои од аденин (една од четирите блокови на ДНА) и рибоза. Бидејќи се создава во мозокот, аденозинот се врзува за рецепторите на аденозин, предизвикувајќи поспаност со забавување на активноста на нервните клетки.
Кога се пие повеќе од 3 кафиња на ден или пијалоци кои имаат коефин, може да се почувствува покачување на шеќерот во крвта. Често знае да се одрази како матен вид, главоболки, тахикардија, промена во апетитот.
Кај некои лица се создава суво око и пецкања во окото. Доколку не се намали конзумацијата на кофеин, може да се создаде хронично суво око и да доведе до поголем ризик на инфекција на око.
Истражувањата покажале дека пиењето кофеински пијалоци, посебно кафето, може да предизвика очниот притисок да се зголеми, дури и само една чашка кафе да се испие. Ефектите од кофеинот, секако, се зголемени кај лицата што имаат глауком и лицата која имаат висок ризик да развијат глауком. Но, очниот притисок се покачува во помала количина, па за останатите лица не треба да предизвикува проблем.
Кај другите лица, големата количина на внес на кафе може да предизвика некое оштетување. Кај лицата кои имаат ризик да развијат ексфолијационен глауком (вид на глауком со отворен агол каде се гледаат некои траги слични на снегулки на леќата на окото), пиење на три или повеќе кафиња во ден е поврзано со рапидно развивање на ексфолицијалниот глауком. Според истражувања, несаканите ефекти повеќе се одразуваат кај женските лица кои имаат генетска предиспозиција за развивање на глаукомот.
Истражувањата не покажуваат дека кафето е причината за глаукмот, меѓутоа покажуваат дека кафето има учество во забрзаното развивање на самиот глауком.
Како да се заштита очите? Најпрво треба да се направи супспецијалистички преглед, за да се види очното дно и дали има пациентот предиспозиција за развивање на глауком. Потоа, задолжително е да се намали внесот на кофеин во текот на денот. Лицата кои можат да го отстранат во целост кофеинот од својот живот може да забележат подобрување. Но, доколку кофеинот не прави проблем на очите, може само да се намали во одредени количини.
Сепак супспецијалистичкиот преглед треба да се прави еднаш до два пати во годината за да се следи состојбата.