• Дали мултифокалните леќи се решение и за пациентите кои имаат катаракта?

Да, секако. Рефракциска грешка на окото може да постои и пред појавата на катарктата. Без разлика дали се работи за кратковидост, далекувидост или пак за астигматизам, по операцијата на катарактата, откако ќе ја отстраниме, окото го доведуваме во т.н. положба на нула, од која рефракцијата се решава со вградување на мултифокални леќи, со кои ќе го добиеме оптималниот вид за сите три далечини.

  • Која е најраната возраст на пациентот за мултифокални леќи?

Сите пациенти по четириесеттата година може да бидат идеални кандидати. Помеѓу 40 тата и 45 тата година од животот, се влегува во период на пресбиоптија или старечка диоптрија. Тогаш се јавува проблем при читање или работа на близина, потребно  е повеќе светлина и се чувствува замор или главоболка. Природната леќа на окото ја губи својата еластичност и потешко ги фокусира објектите кои се на близина.  Пациентот, ако носел очила за далеку, сега добива уште еден пар, за блиску.  Ако, работи на компјутер и се наоѓа на средна далечина, ќе му биде потребен и трет пар на очила (за близина стануваат јаки, а очилата за далечина  се слаби). Тогаш мултифокалните леќи се идеално решение, затоа што може да заменат три пара очила.