Доделена меѓународната награда Медис за научно истражување во областа на офталмологијата

Д-р Фанка Гилевска, специјалист офталмолог од Систина Офталмологија е првиот македонски доктор во полето на офталмологијата кој ја добива оваа престижна награда.

Меѓународниот натпревар Медис за медицинско истражување е интернационален натпревар за извонредни истражувачки достигнувања во девет земји од Централна и Југоисточна Европа и опфаќа девет медицински области. Познат и како „Оскари за научници“, оваа награда се доделуваа како почит за извонредните доктори и фармацевти кои покрај редовната работа, спроведуваат и истражувања без кои нема иновации во медицината и фармацијата, ниту ефикасно справување со болестите.

Научното истражување на д-р Фанка Гилевска е резултат на дневната работа во Систина Офталмологија со пациенти при третманот на кератоконусот. Темата на Истражувањето е „Дали може да се предвидат промените во видната острина и астигматизамот по крос-линкинг третман на кератоконус? (Are changes in visual acuity and astigmatism after corneal cross-linking (CXL) in keratoconus predictable?) кое беше објавено во  Граефес Архива за Клиничка и Експериментална офталмологија (Graefes Archive for Clinical and Experimental Ophthalmology).“

“Нашата очна болница Систина Офталмологија уште од самиот почеток инвестира во знаење и научноистражувачка работа. Преку програма за специјализација вложуваме во младите идни доктори кои се основа за развој во нашата болница.  Начните истражувања се дел од редовната работа на докторите во болницата и гарантираат сигурност и успех во тртетманот на болеста на пациентите. Особено сме годи на ова постигнување на нашата докторка Фанка Гилевска и веруваме дека ќе биде инспирација за идните генерации доктори од нашата болница” изјави медицинскиот директор на болницата доктор Златко Арнаудовски.

“Клиничките студии се особено значајна алатка во медицината која се темели на докази. Тие ги евалуираат новите третмани, лекови, процедури, методи. Тие исто така прават и повторна евалуација на исходот од воспоставените процедури со цел да се модифицираат и да ги подобрат нивните резултати. Особено ми значи оваа награда бидејќи ми дава потврда за вложениот труд но и поттик за понатаму. И не само за ова истражување, туку за сите истражувања кои следат. Систина Офталмологија е болница каде има многу можности и навистина сум среќна што сум дел од тимот” изјави доктор Фанка Гилевска.

Д-р Фанка Гилевска е специјалист офталмолог чија област од посебен интерес е дијагностика и третман на болести кај лица со дијабет, рефрактивна хирургија, дијагностика и третман на кератоконус. Во 2012 година д-р Фанка Гилевска ја добива наградата на Меѓународен конгрес со тема „Корелација помеѓу дијабетичен едем на макула и видна острина“ во Брач, додека во 2015 година ја добива наградата „Зерголен Чупак“ за најдобар млад офталмолог, со темата „ЛАСИК – први искуства“ во Загреб.

Погледнете го целиот настан тука: International Medis Awards for Medical Research