„Иако сите раскажуваат како стигнале до докторот, како се одвивале прегледите и како се договориле со докторот за интервенција, јас нашата приказна во Систина Офтламологија ќе ја започнам од крајот. “

Мартин Цветковски е таткото на три ипол годишниот Матео, кои дојдоа во нашата клиника со повреда на окото кај Матео откако паднал возејќи тротинет.

„Благодарам на докторката Билјана Костовска која го оперираше мојот син и му го спаси видот, но и на целокупниот тим кој беше тука во доцните часови, вон работно време, покрај нас. Никогаш нема да го заборавам моментот кога влеговме во болницата. Се беше толку смирено, бевме спроведени по сите ковид протоколи и сестрите беа пријатни, а докторката веднаш подготвена да го оперира Матео. Сите тројца се смиривме и повеќе не ја чувствуваме паниката и стравот кои владееја меѓу нас. Операцијата траеше неколку часа, а видот на Матео беше спасен. Контролите по операцијата ги направивме по сите протоколи, а Матео сега е добар и видот се подобрува секојдневно.“

Матео возејќи тротинет, паднал и се удрил во рачката. Иако првично изгледало како да се удрил малку, тоа што окото го држел целосно затворено било знак на родителите дека има некаков проблем. По првичниот преглед направен во друга институција, им било укажано дека ќе треба да се направи операција.

„Не знаевме што да правиме и каде да се упатиме, кој ќе се нафати да го оперира Матео. По препорака, а веќе стана доцна навечер, со страв и се јавив на докторката за да не прими и да го види Матео. Откако се договоривме по телефон, веднаш се упативме во Систина Офталмологија.“

По извршениот преглед и во нашата клиника, беше потврдена потребата од итна операција за да се спаси окото и видот кај детенцето.

„Пациентот дојде со посекотина на рожницата (предниот дел од окото), по цела должина од горе до долу со големо истекување на внатрешниот дел од окото, шареницата. Се забележува како голема кафеава линија која пролабира над окото (контузија на булбус, руптура на корнеа и склера со пролабс на ирис). Најголема среќа е дека е оперирано навреме без ризик од инфекција и комплетно е вратен делот од шареницата. Парацентрално поставено и детето гледа веќе два реда од таблата по 3 недели од операција.“ – објасни д-р Билјана Костовска.

Систина Офталмологија уште од почетокот на пандемијата работи без престан, успевајќи на пациентите да им пружи навремена медицинска нега во време кога им е најпотребно. Дополнително, заради новите трендови на безбедна комуникација кои ги наметна корона кризата, нашата болница креираше повеќе информативни содржини и разви иновативни дигитални решенија како што се онлајн консултација и електронска наплата, така со соодветна тријажа им помогна на сите оние кои не сакаат или неможат лично да дојдат, а имаат потреба од очен доктор.

Онлајн консултација

Видео консултација со доктор офталмолог

1.000,00

500,00