Го отворивме четвртиот по ред дијагностички центар, овој пат во Штип. На отвoрањето дојдоа голем дел од вработените, сите заедно да го прославиме отворањето на дијагностичкиот центар во Штип.

„Нашата болница ја развиваме врз основа на искуствата на пациетите и на тоа што ним им е потребно.  Во минатите неколку години, особено за време на кризата предизвикана од вирусот Covid 19 , се покажа дека е потребно да бидеме поблиску до нашите пациентите и да се погрижиме за здравјето на нивните очи, во близината на нивните домови. Во Дијагностичките центри, граѓание ќе може да направат повеќе различни офталмолошки прегледи, а ако е потребно има можност и за интервенција со Анти – вегф терапии.  За посериозни хируршки интервеции , пациентите кооординирано и под континуиран надзор, ќе се упатуваат во централната болница во Скопје.  Уште истиот ден , може да се вратат дома. Во Дијагностичките центри, постоперативно, се следи нивната состојба.  Систина Офталмологија е единствената и најголема очна болница, која што располага со Дијагностички центри во Битола, Тетово, Гостивар и во Штип“- вели Златко Арнаудовски, медицински директор на Систина Офталмологија.

Во дијагностичкиот центар во Штип, може да се вршат сите видови прегледи на предниот и на задниот сегмент на очите, вклучувајќи и рефрактивни прегледи, прегледи за катаракта, прегледи за лица со дијабатет, како и сите итни прегледи. Се дијагностициираат очни состојби, поврзани со промени во диоптријата, состојби на дијабетична ретинопатија, макуларна дегерација, крварење на очите, различни инфекции и керакотонус. Во Дијагностичкиот центар има врвна дијагностија : OЦТ, видно поле, екографија на око, биометрија и пахиментрија, како и модерно опремена хируршка сала за мали интервенции и апликација на Анти-ВEГФ третамни

Нашите пациенти се на различни возрасти. За нашите интервенции нема старосни граници. Кај помладите пациенти, на возраст од над 18 години до 35 години , најчесто ласерски ја отстрануваме диоптријата. Кај пациентите, постари од педдсетина години, успешно  ја дијагностицираме и отстрануваме катарактата со вградување на различни типови на леќи од светски познати произведители, за оние кои сакаат комфорт во своето живеење.Модерната хирургија која ја работиме, овозможува вградување на специјално изработени мултифокални леќи наменети за индивидуалните потреби на секој пациент поединечно. Во Дијагностичкиот центар во Штип, располагаме и со мала хируршка сала. На пациентите со дијабет, може да им се аплицираат лековите Елеа и Авастин. Во салата ќе вршиме и интервенции на очните капаци и коњуктивитисот“ – вели Тодорче Јосев, специјалист офталмолог во Дијагностичкиот центар во Штип.

На официјалното отворање, присуствуваше градоначалникот на Штип д-р Сашко Николов и претставници на општината,  декаканот и професори од Факултетот за медицински науки на Штипскиот униврезитет, заедно со многубројни медицински лица од приватните и јавни здравствени институции од регионот.