монофокални или мултифокални леќи

Доколку размислувате за операција на катаракта или пак корекција на диоптрија (за лица над 40 години), потребно е да размислите и за каков вид на интраокуларна леќа ќе се одлучите – монофокални или мултифокални леќи.

Постојат повеќе опции за избор, и ќе треба да ги имате предвид вашите приоритети и желби при изборот на интраокуларна леќа- се разбира имајќи ги предвид бенефитите на интраокуларните леќи.

Монофокални или мултифокални леќи?

Сепак, вие не сте очни хирурзи и веројатно е дека не би ги знаеле детално бенефитите. Затоа бидете сигурни дека нашите офталмохирурзи се убаво и детално ќе ви објаснат на прегледот и за разликите помеѓу монофокални или мултифокални леќи.

Тука пишувавме за основните разлики меѓу монофокални или мултифокални леќи кои е добро да ги знаете.

Монофокални леќи

Монофокалните леќи се интраокуларно решение со кое се овозможува вид на едно растојание. Тие се вградуваат при операција на катаракта и/или пак, корекција на диоптрија над 40-та година.

Со монофокалните леќи се отстранува катаракта и/или се корегира диоптријата со што се добива вид на далеку или на блиску. Значи, се добива вид само на едно растојание. Потоа офталмологот препишува очила.

Повеќете пациенти сe одлучуваат за оваа опција бидејќи сакаат да ја зачуваат видната острина која, во нивниот случај, со мултифокалните леќи може да се намали односно не секандидати за мултифокани леќи. Исто така, овие леќи се одлично решение за лица кои сакаат да носат еден пар очила. 

Мултифокални леќи

Со напредокот на технологијата, се развија и мултифокалните интраокуларни леќи со кои се овозможува вид на средина или далеку (бифокални) или пак вид на блиску, средина и далеку (три растојанија). Во овој случај, повеќе нема да носите очила.

Мултифокалните леќи се дизајнирани на следниов начин: за да може да се фокусира на повеќе растојанија, интраокуларната леќа треба да биде дизајнирана да има повеќе точки на фокусирање. Некои леќи се дизајнирани да имаат повеќе концентрични прстени со неколку точки на фокусирање на кој начин се овозможува јасниот вид на сите растојанија.

Овие леќи не се препорачуваат кај лица кои имаат: макуларна дегенерација; дијабетична ретинопатија; болест на нервот или многу слаба видна острина без бинокуларен вид. Но, постојат исклучоци бидејќи дел од овие проблеми се надминуваат со новите видови на мултиофкални леќи.

Секако, нашите офталмохирурзи ќе ви го понудат најдоброто решение за вашиот очен проблем во зависност од вашата состојба. Индивидуалниот пристап е најважен за пациентот да добие јасен и чист вид, како што посакува. Нашите прегледи се детални и ги содржат сите потребни испитувања за да се утврди за која леќа сте кандидат и со која метода ќе се решите од вашиот очен проблем засекогаш.