Уште еднаш докажавме дека знаењето е моќ и вистинска инвестиција за развој. Нашиот извршен директор д-р Весна Чадо беше поканета да зборува како DBA алумна на првиот webinar за докторски студии на универзитетот во Монако, каде студиите ги завршија повеќе од 80 докторанти.

Таа ги пренесе своите лични искуства, но пред се бенефитите од овој програм во успешното менаџирање и развојот на нашата болница. Д-р Чадо посебно го издвои периодот од почетокот на Covid-19 кризата во Март 2020 година, кога беше потребно стручно знаење, искуство, брзина и ефикасност за да се успее. Имено тимската работа и навременото реструктурирање на работењето на болницата согласно последните академски истражувања и светски здравствени и менаџерски практики, овозможи Систина Офталмологија да продолжи да работи и да даде медицинска грижа на сите на кои им е потребна. Зголемениот број на пациенти и интервенции оваа година се должи, меѓу другото и на одговорноста, правовременоста и сериозноста со која тимот на болницата одговори за време на најголемата криза за да ги заштити пациентите, своите вработени и пошироката заедница. На Webinar-от зборуваше и директорот на DBA програмот проф. Мариатереза Торкиа, која е истовремено и директор на истражувачкиот центар на реномираниот Универзитет во Монако.