Д-р Златко Арнаудовски и д-р Билјана Костовска беа дел од 35-тиот по ред, Европски конгрес за катаракна и рефрактивна хирургија, кој се одржа од 7-ми до 11-ти октомври во центарот на Лисабон, Португалија.

На него беа присутни над 10.000 офталмолози, меѓу кои и еминентни професори од целиот свет.

Нашата клиника ги следи најсовремените достигнувања и научни можности во светот со своите претставници. Д-р Златко Арнаудовски зборуваше на тема „Congenital cataract-surgical treatment“ – за катаракта кај деца со особен осврт на тежината на хирушката интервенција. Поради специфичноста на структурата на леќата и долготрајниот постоперативен третман на развој на видот, овие хирушки интервенции мора да бидат изведени исклучиво од искусен хирург.

Предавањето на д-р Билјана Костовска со наслов: „ICL vs LASIK in visual acuity outcome“ ги претстави нашите искуства со имплантацијата на најновите факични леќи, кај младите пациенти од 18-та до 45-та година, за решавање на диоптријата и можноста за голем комодитет без носење на наочари и кај поголемите диоптрии ( до -20 диоптри т.е до + 12 диоптрии и цилиндер над ± 3.0 диоптрии). Добрите резултати и бројот на пациенти привлече внимание кај офталмолошката публика.

Дел од предавањата на Европскиот конгрес беа посветени на најсовремената технологија во решавањето на катарактата како најголем причинител за слепило во светот. Прикажани беа и најновите достигнувања во имплантите, интраоклуарните леќи, како за решавањето на видот на далечина, така и за решавање на сѐ поголемиот проблем на пресбиопија (старечка далекувидост). Рефрактивната хирургија односно ласерската корекција на диоптрија, факичните леќи и имплантацијата на мултифокални и торични леќи беа најзастапените теми на конгресот во облик на предавања или видео презентации.