Награда за најдобра докторска дисертација на тема “Patient Luxury Experience (PLX): How patients experience luxury in medical services” и беше доделена на нашиот извршен директор д-р Весна Чадо од Стефани Валери претседател на Националниот совет на Монако, и Интернационалниот универзитетот на Монако. Докторската дисертација се базира на резултатите од работата на Систина Офталмологија со примена на посебниот модел за грижа на пациенти.

Докторските студии на  Меѓународниот Универзитетот во Монако овозможуваат доткорантите да постават нови стандарди во работењето и да ја зацврстат компаративната предност на бизнисите базирана на акадамски истражувања и најновите бизнис практики.

Резултатите од истражувањето укажаа на тоа дека секој пациент е различна личност со различни очекувања и емоции. Секој пациент сака да биде третиран на начин на кој што ќе разбере и ќе се чувствува сигурно. Поради тоа, главниот фокус на овој модел е пред се соработката на медицинскиот персонал со пациентите и стекнување на меѓусебна доверба што во голема во влијае на кончениот исход на медицинскиот третман, но и ги поттикнува пациентите да се грижат превентивно за своето здравје.

Примената на овој модел беше особено важен за почетокот на Ковид-19 пандемијата. Тимската работа и навременото реструктурирање на работењето на болницата согласно последните академски истражувања и светски здравствени и менаџерски практики, овозможи Систина Офталмологија да продолжи да работи и да даде медицинска грижа на сите на кои им е потребна. Зголемениот број на пациенти и интервенции оваа година се должи, меѓу другото и на одговорноста, правовременоста и сериозноста со која тимот на болницата одговори за време на најголемата криза за да ги заштити пациентите, своите вработени и пошироката заедница.

Нашите позитивни практики во справувањето со Ковид 19 беа потврдени и во студија, објавена во реномираниот  Patient Experience Journal, заедно со студии направени на Универзитетот Стенфорд и Meцинската школа Јејл, здравствените системи Џон Хопкинс, Њу Јорк Универзитетот и Бостонската болница.

Д-р Весна Чадо е првиот  доктор на науки во областа на здравствениот менаџмент на престижниот Меѓународен Универзитет во Монако. Д-р Весна Чадо беше поканета да го претстави својот труд на реномирани настани од областа на здравствениот менаџмент.