Моделот на Patient Luxury Experience кој е интегриран во филозофијата на работа и култура на СО, беше презентиран на Научниот форум 9тата Интернационална конференција за здравствен менаџмент – вебинар, кој се одржа од 25-26 Мај 2020 година. Д-р Весна Чадо беше повикана да ја елаборира теоретската и методолошката позадина на моделот на patient luxury patient (PLX), кој е резултат на нејзиниот истражувачки проект спроведен заедно со Систина Офталмологија и Меѓународниот Универзитет во Монако.

Оваа конференција претставува платформа за здравствени професионални, истражувачи, научници, академци, доктори и бизнис професионални ширум светот, собрани на едно место, за да ги презентираат своите последни истражувања, новите технологии, нивното знаење преку меѓусебна интеракција и споделување на идеи во различни дестинации од светот. Д-р Чадо го презентираше придонесот на проектот на академската фела, како и нејзините импликации на здравствените менаџери.

Нејзината работа, исто така, беше претставена и на Конференција во Ница, Франција како и во академски престижното научно списание JBR (Journal of Business Research).

https://www.sciencedirect.com/science/article/abs/pii/S0148296319307027#:~:text=Vesna%20Cado%20is%20executive%20director,experience%2C%20and%20health%20care%20communication.