Мирјана Саздовска е родена 1957 година во Скопје, С. Македонија.

Во 1982 година дипломира на Медицинскиот факултет, при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.  Своето работно искуство го започнува на Клиниката за очни болести во 1983 година, а во 1987 година се здобива со титулата специјалист офталмолог. Во 1990 година е асистент на Катедрата по офталмологија при Медицинскиот Факултет во Скопје и е активен учесник во воведување на ласер терапијата во офталмологијта на Клиниката за очни болести. Таа извесен период е и Шеф на Кабинет за ултразвук на Клиниката за очни болести во Скопје.

Во 1998 година, работното искуство го продолжува во Окулус ЕМ. Од 2012 година официјално се приклучува на тимот на „Систина Офталмологија“.

Членство

  • Македонска лекарска комора
  • Здружение на офталмолози на Македонија
  • Управен одбор на Здружението на офталмолози на Македонија во два мандата

Дополнителни едукации

Посетува многубројни едукации како во земјата така и во странство. Некои од нив се:

  • 1986 година, Крагујевац – Стручна едукација „Школа за ултразвук“ организирана од страна на Српското лекарско друштво
  • 1991 – 1992 година, Ниш и Љубљана –  Стручно усовршување во врска со примената на ласер терпијата на Клиниката за очни болести во Скопје
  • 1993 година, Софија – Стручно усовршување на Клинката на очни болести во Софија во Кабинетите за ултрасонографија, флуоресцеинска ангиографија и ласер терапија
  • 1995 година, Варна – Стручно усовршување во врска со оператвитните зафати на стаклестото тело и ретината

Публикации и истражувања

Автор и коавтор на околу 20 трудови презентирани во земјава и странство.

Учество на конференции

Зема активно учество на национални и меѓународни конференции во Будимпешта. Милано, Париз и Истанбул.