
Во последно време верувам дека често се среќавате со овој термин и многумина од Вас веќе имаат одредено мислење за самата ласерска корекција на диоптријата. Корекцијата на диоптријата не е само естетска интервенција, со неа се враќа функционалноста во секојдневнието без зависност од очните помагала. Сигурно секој од Вас барем еднаш низ животот се нашол во ситуација во која се скршиле очилата, или тргнал на одмор/скијање без да ги земе контактните леќи, и знаете колку е тоа огромен проблем. Нецелосно можете да уживате во патувањето.
Доколку се двоумите дали е тоа вистинското решение за Вас еве што треба да знаете:
Ласерската корекција на диоптријата е безбедна
Ласерската корекција на диоптријата во светот се применува повеќе од 30 години, кај нас во Систина Офталмологија веќе 10 години и повеќе од 10 000 интервенции, а во светот повеќе од 50 милиони луѓе ја имаат направено оваа интервенција.
Револуционерен метод, со чија помош брзо, безболно и безбедно се отстранува диоптријата, пациентите по самата интервенција немаат потреба од очни помагала (очила и леќи).
Ласерот е софтверски управуван со помош на компјутер кој ги има систем за следење на миркодвижењета што овозможува упатување на ултравиолетовите зраци на точно зададено место (неможе да се избруси грешна диоптрија или друг дел од окото). Додека држачот за капаци го оневозможува трепкањето за време на самата интервенција.
Диоптријата се корегира во целост без разлика дали е „-“, „+“ или астигматизам.
Враќање на секојдневните активности за 3-5 дена
Самото тоа што се изведува во капична анестезија и трае само неколку минути, чувството на нелагодност е кратко, а самата процедура е целосно безболна.
Веднаш по интервенцијата се оди дома, без преноќување во нашата болница.
Во првите 24 часа можно е да има зголемено солзење, гребкање, заматен вид како да гледате низ вода. Утредента по интервенцијата 98% од пациентите го достигнуваат максимумот во гледањето.
Веќе по петтиот ден од интервенција голем дел од пациентите се враќаат на своите секојдневни работни обврски, но секако мора да се придржуваат на упатствата кои им се дадени.
Закажете преглед за ласерска корекција на диоптријата
Тоа е детален прегледот трае околу 2 часа и се испитува секој сегмент од вашето око. Се прави проверка на субјективна и објективна диоптрија како и коренеална топографија (односно пентакам анализа), 3Д приказ на Вашата рожница. Да се видни нејзината симетричност, закривеност, дебелина. На крајот од самиот преглед лекарот дава заклучок за состојбата на Вашите очи, Ви кажува дали сте кандидат за ласерска корекција на диоптријата и која метода е соодветна за Вас.
За време на прегледот можете слободно да дискутирате со Вашиот лекар за сите прашање и несигурности што ги имате.
Зошто да направите корекција на диоптријата?
- За помалку од 30 минути трајно го решавате проблемот со диоптријата и носењето на очила и контактни леќи
- Може да уживате во спортските активности
- Возењето навечер нема повеќе да биде ноќна мора
- За 3 – 5 дена се враќате во секојдневните обврски
- За живот без ограничувања