Во денешно време, поголемиот дел од луѓето се во потрага по најдобрите капки за очи кои ќе го ослободат од сувост во окото, црвенило во око и така натаму. Но, дали смее да се користат капките за очи врз контактни леќи?

Постојат повеќе видови на капки за очи: капки против црвенило, капки за сувост, капки против алергија и капки за повторно влажнење на контактните леќи. Ако офталмологот препишал капки за очи, важно е да се користат според дадените упатства. Речиси во сите случаи, освен ако не е јасно наведено поинаку, треба да се извадат контактните леќи пред да се капнат капки. Потоа, треба да се почека минимум 15 минути пред да се вратат контактните леќи на очите.

Ако се користат капки без рецепт и без добиени конкретни упатства од офталмолог за тоа колку се безбедни да се користат заедно со контактни леќи, еве неколку општи упатства:

  • Проверка на квалитетот на капките

Повеќето капки за очи кои се продаваат без рецепт спаѓаат во една од четирите категории:

  • капки за црвенило,
  • капки за алергии,
  • капки за суви очи и 
  • капки за повторно
    навлажнување на контактните леќи.
  • Да не се користат капки против црвенило без препорака од офталмолог.

Капките против црвенило функционираат така што ги намалуваат крвните садови во чистото ткиво што го обложува белиот дел од окото. Овие капки не се препорачуваат да се користат со контакна леќа во окото, бидејќи можат да предизвикаат формирање на наслаги на вашите контактни леќи и со текот на времето, тие всушност можат да ги направат вашите очи поцрвени.

  • Да се следи правилото од 15 минути со капки против алергија.

Повеќето капки за очи против алергии најпрво се појавиле на пазарот како лекови на рецепт. Овие сложени фармацевтски препарати можат да бидат многу корисни за оние кои носат контактни леќи кои страдаат од алергии. Сепак, состојките во овие капки не се состојат од компатибилни состојки со контактните леќи. Поради тоа мора да се отстранат контактните леќи и  по 15 минутна пауза од капењето на капки, може да се стават.

  • Капките за очи за суво око не се исти како капки за повторно „навлажнување“.

Двете категории лесно се мешаат, но се многу различни. Капките за суви очи се направени за окото, а не за контактни леќи. Многу од овие капки содржат масла или се прилично густи. Ова може привремено или трајно да ги замати контактните леќи и ќе треба да се фрлат. Доколку мора да се користат капки за суво око додека се носат контактни леќи, задолжително треба да се консултира офталмолог за да препорача кои капки за суво око се компатабилни со контактни леќи. Ако е потребен лек за суво око, најверојатно ќе биде препорачано да се следи правилото од 15 минути.

Доколку се носат контактни леќи, препорачливо е да не се ставаат врз контактните леќи, туку контактните леќи да се извадат и да се стават повторно по 15 минути. Ако нема можност да се направи пауза од носење контактни леќи, задолжителна е консултација со офталмолог. Доколку нема можност да се оди во болница, може да се закаже и онлајн консултација за да насочи офталмологот кои капки да се користат со контактните леќи.

Доколку контактните леќи ви пречат, не само при капење на капки за очи, туку и за секојдневниот живот, закажете преглед за ласерска корекција на диоптрија и ослободете се од диоптријата и контактните леќи.