Илир Османи е роден во 1973 година во Бујановац, Србија.

Приказната на д-р Илир Османи со медицината започнува уште во тинејџерските години кога запишува средно медицинско училиште во Приштина. Своите студии ги продолжува на медицинскиот факултет при Универзтитетот на Приштина додека специјализацира офталмологија на медицинскиот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Од 2012 работи во „Систина Офталмологија“ со посебен интерес кон хирургија на преден и заден сегмент на окото.

Членство

  • Македонска лекарска комора;
  • Косовска лекарска комора.

Дополнителни едукации

  • 2017 година, Загреб – Едукација на Одделот за витреоретинална хиругија на Универзитетската очна клиника „Свјетлост“

Учество на конференции

Зема активно учество на национални и меѓународни конференции. Некои од нив се:

  • 2017 година, Македонија – Стручно предавање „Последни искуства во рефрактивната и витреоретиналната хирургија“
    • Искуства во примената на анти-ВЕГФ третман
  • 2019 година, Приштина – Југоисточниот Европски Офталмолошки Конгрес
  • 2019 година, Скопје – Стручно предавање „Витреоретинална хирургија и апликација на медикаменти интравитреално“ 
  • VIII Медитерански ретина собир, Дубровник 2019 година