Гилевска Фанка е родена 1982 година во Скопје, С. Македонија.
Дипломира на Медицинскиот факултет, при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во 2008 година. Од 2009 до 2013 година специјализира офталмологија во Клинички болнички центар во Загреб и се здобива со титулата – специјалист oфталмолог.
Првото работно искуство го започнува во очната поликлиника „Корнеа Медика“ во Скопје. Од 2013 година до 2015 година се префрла во Задар и е дел од тимот на очната поликлиника „Лакрима“.
Од 2015 година официјално е дел од тимот на „Систина Офталмологија“.
Членство
- Македонска лекарска комора
- Лекарска комора на Хрватска
Дополнителни едукации
Посетува многубројни едукации како во земјата така и во странство. Некои од нив се:
- 2010 година, Загреб – Курс по „Набавка и обработка на ткива и клетки во очна банка
- 2013 година, Загреб – Курс по „Ултразвук во офталмологија“
- 2013 година, Минхен – Работилница „Дијагностички и тераписки пристап во педијатриската офталмологија и страбологија“ проф. Берген на универзитетска очна клиника во Минхен
- 2015 година, Загреб – Едукација во областа на рефрактивна хиругија на универзитетска очна клиника „Свјетлост“
- 2016 година, Загреб – Едукација во областа на ектазии на рожница, кератоконус и крос линкинг, универзитетска очна клиника „Свјетлост“
Награди
- 2012 година, Брач – Награда на меѓународен конгрес со тема „Корелација помеѓу дијабетички едем на макула и видна оштрина“
- 2015 година, Загреб -Награда „Зерголен Чупак“ за најдобар млад офталмолог, со темата „ЛАСИК – први искуства“