Специјалист офталмолог и хирург

Област од посебен интерес:

  • дијагностика на очни болести
  • медикаментозен третман на болести на ретината (анти-ВЕГФ терапија, ласерска терапија)
  • хирургија на катаракта

Од блиску со д-р Бобан Сотировски

„Окото отсекогаш ме фасцинирало со својата комплексност и на еден начин совршеност како главен орган на сетилото за вид ”

  • Што ве инспирираше да станете офталмолог?

Окото отсекогаш ме фасцинирало со својата комплексност и на еден начин совршеност како главен орган на сетилото за вид и кон крајот на моите студии на Медицинскиот факултет во Скопје, кога веќе имав генерална претстава за сите области од медицината, знаев дека офталмологијата е гранката во којашто најмногу се пронаоѓам и област во којашто сакам да работам во иднината.

  • Како го поминувате вашето слободно време, дали имате некакво хоби?

Слободното време што го имам коешто е доста ограничено поради секојдневните професионални и приватни обврски, секогаш сакам да го поминам со најблиските и со пријателите, а се трудам да најдам и дополнително слободно време за повремени спортски активности. Голем љубител сум на спортот, особено на фудбал и кошарка и сакам да сум во тек со најновите случувања од областа на спортот.

  • Кој е вашиот омилен аспект на работење во офталмологијата?

Непосредната работа со пациентите дефинитивно ми е најомилениот аспект од работењето во офталмологијата. Помагањето на пациентите од најразлична возраст да им се подобри видот предизвикува огромна сатисфакција и чувство на исполнетост кај мене.

  • Кои совети би им дале на оние кои размислуваат за кариера во медицина, поточно офталмологија?

Доколку некој е заинтересиран за медицина, би му кажал дека нема подобра и поубава гранка од офталмологијата J Да им се помага на луѓето е најблагородната работа на светот, а да им помогнете на луѓето да го подобрат или повратат видот за да можат појасно да го гледаат светот околу себе е бесценето.

  • Која е вашата филозофија на животот, или животното мото?

Како животно мото на секому би му препорачал да чекори цврсто по правиот пат, бидејќи само со многу труд и работа, постепено, се постигнува вистински успех не само во професијата, туку и општо во животот.