Честитки за извршниот директор Весна Чадо која е нашиот прв доктор на науки во областа на здравствениот менаџмент на престижниот Меѓународен Универзитет во Монако.

Нејзинaта докторска дисертација на тема “Patient Luxury Experience: How patients experience luxury in medical services” беше високо оценета од светски академици од областа на менаџменот и маркетингот, но и од професори доктори од референтни медицински центри во Европа. Нејзининот ко-авторски труд на оваа тема го објави и престижниот Journal of Business Research.

“Успешниот модел во лекувањето и искрената грижа кон своите пациенти, дури и кога ќе заминат од нашата болница, доби и академска потврда на највисоко ниво. Ние разбираме што им треба на нашите пациенти и знаеме како тоа да го направиме. Нашата 10 годишна приказна доби и регионални размери. Навистина сум среќна и горда, но и бескрајно благодарна на сите доктори поединечно, за љубовта и посветеноста со која се грижат за нашите пациенти како и на тимот медицински сестри, администратори и неизбежните амбициозни девојки од Patient Experience Office. Продолжуваме успешниот модел и нашето знаење да го шириме и надвор од границите. За доброто на сите“ – кажа д-р Весна Чадо.