Погрижете се за вашиот вид, пред да ви падне темна завеса пред очите

Здравјето на вашите очи и беспрекорноста на вашиот вид се најважниот услов кој ви овозможува да живеете онака како што сакате. Затоа, проблемите со видот, треба навреме да се препознаат, дијагностицираат и да се решат на најдобар можен начин.

Блесоци, светкањата како молњи и црните точки во видното поле  се најчести симптоми кои може да укажуват на тоа дека има оштетување на ретината.  Решението на овој проблем е хируршка интервенција, која се вика витректомија.

Се работи за една од најсложените микрохируршки операции и често е единствено решение повеќе болести на задниот сегмент на окото. Таа е безболна, се изведува со анестезија во вид на капки и после интервенцијата истиот ден заминувате дома.   Искусниот и стручен медицински тим на Систина Офталмологија,  кој користи најсовремена апаратура за изведување на оваа интервенција и се тоа заедно со многу емпатија, се дел од гаранцијата за успешен третман и операција.

Продолжуваме со одговорите на 5 W – who, what, when, where , why –  за интервенциите на Систина Офталмологија,  овојпат за витректомијата.

Кои пациенти имаат потреба од витректомија?

Кај пациентите со промени во внатрешноста на окото како последица на разни болести или повреда, најчесто, треба да се направи витректомија.  Со оваа операција се третира  дијабетична ретинопатија во напредна фаза, крварење во окото како последица на дијабет, одлепување на ретината, инфекција, воспаление на задниот дел на окото или оштетувања на центарот за вид. Пациентите со тешки повреди на окото или пациенти кај кои има потреба од отстранување на леќини маси после компликација во тек на операција на катаракта исто така може да имаат потреба од оваа интервенција.

Што е витректомија?

Витректомија е микрохируршки зафат – операција на окото со која се третираат проблемите на задниот сегмент на окото (ретината или мрежницата) и витреусот  (стаклесто тело или желатинозна супстанца со која е исполнет најголемиот дел од окото). При операцијата се отстранува најголем дел од витреусот и се заменува со друг вид на раствор. Операцијата трае околу еден час во зависност од тежината, сосема е безболна и безбедна. Најчесто се прави со локална анестезија и пациентот е свесен во текот на операцијата. Витректомијата се изведува низ четири мали отвори – помали од 1мм,  на белката од окото. Преку отворите се пристапува во внатрешноста на окото и со ендоскопска метода, со помош на микроскоп, се отстранува витреусот, и се чистат страните супстанци (крв, воспалителен материјал, мембрани, сврзно ткиво).  Стаклестото тело се заменува со специјален гас или силиконско масло, а дупчињата на ретината се затвораат со ласер.

По операцијата окото не е црвено или болно, а опоравувањето е брзо. Неколку часа по интервенцијата пациентот може да си оди дома. Терапијата се состои од капки и масти кои треба редовно да се ставаат во окото за да се спречи појава на инфекција. Првиот контролен преглед ќе биде направен уште наредниот ден.

Кога треба да се прави витректомија?

Првите симптоми на болестите на задниот сегмент, често се само блесоци, светкања како молњи и црни точки во видното поле, ако при пукнувањето на ретината се појави и мала количина крв во витреалниот простор. Состојбата се влошува со појава на „завеса“ во видното поле. Кога одлепувањето ќе стигне до центарот на видот или макулата, што може да се случи во рамките на еден до два дена, видот доста се намалува и не може повеќе да читате ниту  да препознавате други лица.

Навреме направена витректомија, спречува заболувања кои доведуваат до сериозно намалување и губење на видот.

 

Зошто треба да се направи витректомија?

Кај аблацијата на ретина, особено е важно времето на интервенција, односно реакција и навремено доаѓање на преглед за да се спаси добрата функција на видот.

За да можеме да гледаме, светлината треба да помине низ окото и да стигне до ретината, која е составена од нервни клетки и влакна кои се осетливи на светлина и ја пренесуваат информацијата до мозокот со цел да се формира слика од она што го гледаме. Различните болести можат да предизвикаат заматување на течноста на витреусот, појава на крв, остатоци од воспаление (гној, мембрани) или пак сврзно (ожилно) ткиво на ретината. Тоа ја оневозможува светлината да дојде до ретината и предизвикува проблеми и намалување на видот. Отстранувањето на ваквиот заматен витреус може да го реши или подобри проблемот со видот.

Понекогаш ретината, заради појава на дупки (руптури) се одвојува од ткивото кое ја опкружува и кое служи како нејзина подлога. Тогаш доаѓа до нагло губење на видот. Во овој случај хирургот со витректомија може да стигне до ретината, да ја поправи и да ја врати во првобитна положба.

Одложувањето на операцијата, не е добро за конечниот резултат.

Kaде е најдобро да се направи витректомија ?

Веднаш по првите симптоми,  треба да отидете во Систина Офталмологија, зошто само таму, за само еден ден ќе го организираат оперативниот процес.  Тимот на Систина Офталмологија има големо искуство, стручен е и добро координиран, а апаратурата која што ја користат е најсовремена. Покрај извонредни болнички услови, таму ќе имате пријателски однос со членовите на перосналот, тие ќе имаат трпение и разбирање за сите ваши дилеми и недоумици,  и заеднички ќе дојдете до најдоброто решение за вашиот вид.

Токму тој, човечки однос и емпатија, е нивната најголема предност.

Затоа, не чекајте да ви падне темна завеса пред очите, редовно одете на прегледи во Систина Офталмологија .