Ласикот е безбедна, ефикасна и безболна интервенција.  Трае многу кратко, само петнаесетина минути за двете очи. Уште следниот ден, или најдоцна по три дена,  гледате беспрекорно јасно, без очила или контактни леќи.  Се работи,  за ласерско ремоделирање на рожницата, со кое се отстранува или намалува диоптријата.

Досега, околу 40 милиони луѓе го корегирале видот со Ласик. Дури и никого од нив да не познавате, искуствата на познатите личности, кажуваат дека не треба да имате дилема.

Ласикот е најдобро решение за вашиот вид.

Леброн Џејмс

Кошаркарската легенда,  Леброн Џејмс, вели дека Ласикот е одлична опција за спортистите.  Интервенцијата ја направил  во 2007- та и оттогаш совршено ја гледа мрежата за голови.   Всушност,  неговиот процент на голови,  скокнал на неверојатни  49 отсто. „Без контактни леќи,  спортистите немора да се грижат за потта, која може да ги иритира очите и за можноста да испадне леќата, додека се трча по теренот“, вели Леброн .

Никол Кидман 

Дали знаете дека Никол Кидман, речиси воопшто неможела да гледа,  пред да направи Ласик. Многу долго се борела со заматен вид.  За Ласик  се одлучила, откако била номинирала за Оскар. Едноставно ,  сакала без очила или леќи, да го прочита својот говор на церемонијата. Сега, има извонреден вид и не може да биде посреќна !

Денис Квејд 

Денис Квејд,  постојано ги губел очилата за читање. Кога излегувал од дома носел по пет пара очила, а се враќал без ниеден. Се одлучил да направи Ласик,  за да престане да троши на стотици пара очила.  Оттогаш ги чита сценаријата со кристално чист вид!

Ким Кардашијан  

Ласикот е брза и лесна операција,  многумина ја прават пред особени настани, пред свадба или дипломска. Ким Кардашијан, се одлучила за интервенцијата во 2009- татa година, пред да се омажи за нејзниот прв сопруг,  Крис Хемфрис.  Десетина години подоцна, таа со задоволство го покажува своето убаво лице, без очила.

Лиза Линг 

Лиза Линг вели, дека Ласикот и помогнал да се искачи на повисоко ниво во новинарството. „ Кога некој поради својата работа е постојано на пат, може да се случи некогаш да нема беспрекорни  услови за хигиена. Затоа, ослободувањето од контактни леќи и очила, го олеснува животот бескрајно. Помина, повеќе од една деценија од операцијата,  а јас гледам јасно, како на почетокот “, вели Линг.

Дру Кери 

Дру Кери, направи Ласик  во 1999 – та година. Но, чекајте, зарем тој сеуште не носи очила ?

Се обидувал без нив некое време, но никој не го препознавал. Сега тој носи,  црни рамки,  кои му се заштитен знак,  но чисто заради препознатливот и естетски причини. Ако ви се допаѓа како изгледате со очила, но сакате да го поравите видот  без постојано да се потпирате на нив,  Ласик е одлична опција за вас.

Eлтон Џон

Светски познатиот пеач и пијанист Елтон Џон, има повеќе од 250.000 ексцентрични и интересни очила.  Тие се  специјално изработени за него,  од познати креатори, како Гучи, Шанел, Мајкл Џејкобс. Тоа го чинело скапо, па решил да направи Ласик. Сега, може да носи наочари кога ќе посака, без да мора да „обие банка“.

Кортни Кокс  

Актерската кариера на Кортни Кокс, за малку ќе ја попречел нејзиниот лош вид. Неможела да ги чита сценаријата, визит  картичките, па дури ни да ги распознава останатите ѕвезди, со кои се дружи. Затоа, таа одлучила да ги батали наочарите и контактните леќи. Трајно го корегирала видот со Ласик.

Синди Крафорд   

Да се биде светски модел, а да се носат контактни леќи, воопшто не е лесно. Синди Крафорд, направила Ласик , за да се ослободи од леќите и непречено да става слоеви на шминка. Интервенцијата и го сменила животот толку многу,  па сега ако ја прашате, ќе ви го препорача Ласикот без двоумење.

Бони Тајлор

Уникатната пеачка, од 90 тите, позната по супер хитовите „Holding Out for A Hero“ и „Total Eclipse of the Heart, се борела со астигматизам, далекувидост и пресбиопија. Сега, сеуште се восхитува колку јасно гледа, по направената интервенција Ласик. Посакува, порано да ја донела одлуката за Ласик корекција на видот.

Совет за првичен преглед и/или дијагностика
во случај да имате иста или слична состојба:

Преглед за ласерска корекција на диоптрија

Рефракција, одредување видна острина, мерење очен притисок, преглед на очно дно, анализа на рожница со Пентакам.

4.270,00


Пентакам

Дијагностика за анализа на рожница.

3.100,00

Контролен постоперативен преглед

Преглед три месеци по ласерска корекција на диоптрија.

1.150,00

Ласерска корекција на диоптрија – ПРК

Цената се однесува на едно око.

39.980,00

Ласерска корекција на диоптрија – ЛАСИК

Цената се однесува на едно око.

31.000,00

Офталмологот го задржува правото да предложи друг вид на преглед и/или дијагностика во зависност од утврдената состојба на прегледот.