
Со големо задоволство, Систина Офталмологија стана првата болница во Македонија, а воедно и меѓу првите земји во регионот, која го воведе и успешно го примени новиот лек Eylea 8mg.
Овој значаен напредок во областа на офталмологијата е доказ за нашата посветеност кон најсовремените медицински технологии и грижата за нашите пациенти.
Воведувањето на новиот лек Eylea 8mg претставува огромен напредок во третманот на пациенти со ретинолошки очни заболувања особено сенилната макуларна дегенерација и дијабетичната ретинопатија.
Првите два пациенти кои го добија овој нов лек се пациенти кои ги третираме од дијабетична ретинопатија, од кои едната пациентка не посети специјално од Србија за да биде меѓу првите пациенти кои ја имаат можноста да ја добијат оваа нова и понапредна верзија на Eylea инјекција.
Со својата поголема концентрација, Eylea 8mg лекот овозможува помал број на инјекции за пациентите што значи помалку посети на болница, помалку стрес и поголема удобност.
Првите дози на Eylea 8mg во нашата болница, а воедно и во целата земја беа аплицирани од Д-р Фанка Гилевска и Д-р Бобан Сотировски.
